Семјуел Л. Џексон (англиски: Samuel Leroy Jackson; Вашингтон, 21 декември 1948) — американски филмски глумец. Познат е по улогите во Петпарачки приказни, Умираат мажи со одмазда, и во трилогијата Војна на ѕвездите, каде што ја игра улогата на џедајот Мејс Винду.
Животопис
Џексон е роден во Вашингтон, а пораснал со мајка му во градот Чатануга во Тенеси. Неговиот татко живеел далеку од него и неговата мајка, во Казас Сити во Мисури, а неколку години подоцна умрел од алкохолизам. Џексон учел во колеџот Морхаус во Атланта ,Џорџија. Подоцна добива помалку улога на телевизија и 1974 година се сели во Њујорк. За глума во филмот Љубавна грозица на Канскиот филмски фестивал во 1991 година добива награда за најдобра споредну мушку улогу. Четири години подоцна беше номиниран за Оскар за најдобар глумец за Б-филм Евтини приказни (1994).
Личен живот
Џексон е оженат со глумицата Латања Ричардсон и заедно имаат една ќерка која се вика Зое. Џексон е голен љубител на кошарка посебно Харлем Глобтротер, а во слободно време сака да игра голф. На снимањето на филмот 51 во Ливерпул, гледал неколку натпревари од ФК Ливерпул и од тогаш навива за нив.
Награди
Најдобра цпоредна машка улога за филмот Треска во Џунглата (1991) на Канскиот филмски фестивал.