Секула Пупиновски (р. 11 јули 1955 - Охрид, 18 март 2011) бил познат македонски естраден уметник, пејач на народни песни. Неговиот брат Ефто Пупиновски, исто така е познат фолк пејач. Неговиот син Владо Пупиновски е исто така музичар, саксафонист.
Животопис
Пупиновски е роден во 1955 година во Охрид. Тој важел за еден од најпознатите исполнители на македонската музика, чии многу хитови станале евергрини. Пупиновски е познат по песните: Врати се бела Марија, За една Кристина, Моја Наде, После долги години и други. Пупиновски починал ненадејно на 18 март 2011 година во Охрид, каде што и почива[1].
Наводи
Видеа