Како и Јужниот Триаголник, Северниот Крст е показател за годишните времиња. Околу полноќ крстот се наоѓа право врз набљудувачот на средносеверна географска должина во текот на летните месеци; може да се забележи напролет, ако се погледа кон исток во раните утрински часови. Наесен крстот се гледа навечер на запад сè до ноември. Никогаш не се спушта под хоризонтот, или над 45° СГШ, туку при најниската точка се допира со северниот хоризонт во места како Минеаполис, Монтреал и Торино. Од јужната полутопка се гледа наопачки и ниско на небото во текот на зимските месеци.
Во ѕвездениот атлас Уранометрија (XVII век) Јохан Бајер вели дека Алфа, Бета и Гама Лебед го образуваат дирекот на христијански крст, додека пак Делта и Епсилон ја сочинуваат накрсната греда. Променливата ѕвездаP Лебед тогаш се сметала за телото на Христос.[1]
↑Wagman, Morton (2003). Lost Stars: Lost, Missing and Troublesome Stars from the Catalogues of Johannes Bayer, Nicholas Louis de Lacaille, John Flamsteed, and Sundry Others. Blacksburg, Virginia: The McDonald & Woodward Publishing Company. стр. 131. ISBN978-0-939923-78-6.