Сеад Колашинац (роден на 20 јуни 1993 г.) — босански професионален фудбалер кој игра на позицијата лев бек за Арсенал во Премиер лигата и за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Клупска кариера
Колашинац ја започнал својата кариера во клубот во родниот град, Карлсруе.[2] По осум години поминати во Карлсруе, тој се преселил во Хофенхајм, во чии редови бил само една сезона, а потоа бил купен од Штутгарт.[2] Колашинац бил член на Штутгарт само една сезона, и потоа се приклучил на Шалке 04.[2]
Шалке 04
Откако една сезона бил дел од младинскиот тим на Шалке 04, Колашинац бил промовиран во вториот тим на клубот, Шалке 04 II, кој се натпреварувал во германиските пониски лиги, во регионалната лига запад. Откако одиграл седум натпревари и постигнал два гола за Шалке 04 II, тој бил префрлен во првиот тим. На 15 септември 2012 година, тој дебитирал во Бундеслигата во победата од 2–0 на Шалке 04 над Гројтер Фирт.[3] Во декември 2012 година, Колашинац бил дел од тимот на Шалке 04 кој ремизирал со резултат 1–1 против францускиот Монпелје во Лигата на шампионите. Тоа бил прв натпревар за Колашинац во европските натпреварувања.[4]
Во јуни 2013 година, Колашинац го продолжил договорот со Шалке 04 до јуни 2017 година.[5]
На почетокот на сезоната 2014–15, Колашинац го скинал предниот вкрстен лигамент на неговото десно колено и бил надвор од фудбалските терени околу шест месеци.[6] По закрепнувањето од повредата, Колашинац многу тешко успевал да ја пронајде својата форма и да се избори за првотимскиот статус во клубот.
Колашинац својот прв гол за Шалке 04 го постигнал на 13 декември 2015 година, во ремито од 1–1 против Аугзбург.[7]
Во мај 2017 година, Колашинац донел одлука да не го продолжува договорот со Шалке 04, напуштајќи го клубот по поминати шест години.[8] На крајот на сезоната 2016–17, тој бил изгласан во тимот на сезоната во Бундеслигата.[9]
Арсенал
На 6 јуни 2017 година, англискиот премиерлигаш Арсенал го потврдил ангажирањето на Колашинац, кој во лондонскиот клуб пристигнал како слободен играч.[10] Тој бил најавен како прво летно засилување за Арсенал за новата сезона.[11]
Колашинац постигнал гол на својот прв натпревар за Арсенал, и тоа против Челзи во Комјунити Шилд натпреварот, кој Арсенал го добил по изведување пенали.[12][13] Тој дебитирал во Премиер лигата во првото коло од новата сезона, и бил асистент на гол во победата од 4–3 над Лестер Сити.[14]
Титули
Клупски
- Арсенал
Поединечни
Наводи
Надворешни врски