Св. Никола — археолошко наоѓалиште во прилепското село Зрзе. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа во ѕидовите на црквата „Св. Никола“, каде се вѕидани надгробна стела од бел мермер, релјефно обработена, и горен дел од мермерна плоча со претстава на човечка глава и дел од човечко торзо. Надгробната стела има калкан и четвртесто поле. Во калканот се претставени две фигури што стојат и меѓу нив сад, а во четвртестото поле шест фигури исто така простум. Под нив има два коњаника свртени еден кон друг. На плочата се гледаат и траги од старогрчки натпис.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998