Светислав „Кари“ Пешиќ роден на 28 август 1949 година) е српски професионален кошаркарски тренер и поранелн играч кој е селектор на машката репрезентација на Србија.
Играчка кариера
За време на неговата клупска играчка кариера, Пешиќ играл за КК Пирот (1964–1967), КК Партизан (1967–1971) и КК Босна (1971–1979). Како член на КК Босна, тој го освоил Купот на Југославија и првенството на Југословенската лига, во 1978 година. Исто така, го освоил шампионатот на ФИБА Купот на европските шампиони (Евролига) во 1979 година со КК Босна.[1]
Тренерска кариера
Клупска тренерска кариера
На клупски план, Пешиќ ја освоил тројната круна во 2003 година, додека бил главен тренер на Барселона. На 16 ноември 2010 година, бил именуван за главен тренер на КК Валенсија, за остатокот од сезоната 2010-11.[2] Во ноември 2012 година, Пешиќ бил именуван за главен тренер на германскиот тим Баерн Минхен.[3] На 28 февруари 2015 година, го продолжил договорот со клубот до 2017 година. [4] На 24 јули 2016 година, тој го напуштил Баерн на негово барање, поради здравствени причини. [5]
На 9 февруари 2018 година, се вратил во КК Барселона како главен тренер на тимот, до крајот на сезоната.[6]
Селекторска кариера во националниот тим
Пешиќ ја предводел југословенската јуниорска репрезентација, во која биле идните меѓународни ѕвезди Владе Дивац, Александар Ѓорѓевиќ, Тони Кукоч и Дино Раѓа, до златниот медал на Светското јуниорско првенство на ФИБА во 1987 година (кој подоцна бил поделен на одделен под- 21 г. настан), победувајќи го тимот на САД двапати за време на турнирот.[7]
Како селектор на сениорската германска кошаркарска репрезентација, тој го освоил златниот медал на Европското првенство во кошарка од 1993 година (во организација на Германија).
Со сениорската страна на СР Југославија, Пешиќ освоил златни медали на Светското првенство на ФИБА во 2002 година, кое се одржало во Индијанаполис, и на Евробаскет 2001 година (во организација на Турција). Се повлекол од функцијата на 1 декември 2002 година.[8]
На 28 септември 2021 година, Кошаркарската федерација на Србија го ангажирала за селектор на машката репрезентација на Србија.[9] Пешиќ ја предводел Србија до сребрениот медал на Светскиот куп во кошарка на ФИБА во 2023 година и до бронзениот медал на Летните олимписки игри 2024 година.[10]
Личен живот
Заедно со српското, Пешиќ има и германско државјанство. Неговиот син Марко Пешиќ (роден 1976 година) е поранешен професионален кошаркар, кој ја претставувал репрезентацијата на Германија на четири големи турнири. Поранешниот германски кошаркар Јан Јагла е негов зет поради бракот со ќерката на Пешиќ, Ивана.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски