Самарканд (узбечки: Samarqand, Самарқанд, персиски: سمرقند, транскрипција: "Samarqand") — вториот најголем град во Узбекистан и главен град на покраината Самарканд. Градот е најпознат по неговата централна местоположба на Свилениот пат, главна делница помеѓу Кина и Европа. Градот исто така е познат по својата религиозност бидејќи тој е исламски центар и центар за веронаука во државата. Најпозната знаменитост во градот е Биби-Ханим џамијата. Поранешен центар на градот бил Регистан. Градот е додаден во списокот на светско богатство на УНЕСКО.