Сава Шумановиќ (Сава Шумановић); 22 јануари 1896 – 30 август 1942) — српски сликар. Тој се смета за еден од најважните српски сликари на 20 век.[1]
Животопис
Сава Шумановиќ е роден во Винковци, Австроунгарија (сега во Хрватска) во 1896 година, каде што неговиот татко работел како инженер.
Шумановиќ било богато и влијателно семејство, кое било доселено во Шид од 18 век.
Кога Шумановиќ имал четири години, неговото семејство се преселило во Шид (денешна Србија).
Заврши гимназија во Земун, каде што за прв пат се запознал со уметноста на сликарството и работата на уметниците како Винсент ван Гог и Пол Сезан.
Подоцна се запишал на Занаетчискиот и уметнички колеџ во Загреб а набргу потоа заминал во Париз каде што живеел неколку години, од 1920 година.
Негов професор во Париз бил Андре Лот. Шумановиќ се спријателил со Амедео Модилјани, Макс Јакоб]] и бројни српски уметници и писатели , како Растко Петровиќ.
Во 1924 година, Шумановиќ напишал два значајни есеи, „Сликарот за сликарствоти“ и „Зошто го сакам во сликарството на Пусен“.
Потоа живеел во денешна Хрватска а подоцна пак се вратил во Пари,з кон крајот на 1925 година и останал повторно неколку години, прифаќајќи одредени влијанија од стилот на сликање на Анри Матис.
Шумановиќ се вратил во Шид во 1928 година з подоцна уште една година поминал во Париз, на крајот се населил таму во 1930 година[2].
Приредил голема изложба на Новиот универзитет во Белград во 1939 година, каде што изложи околу 410 слики претежно од периодот на Шид.
Тоа бил неговиот прв голем успех по многу години. Се вратил од Париз и живеел тивко во Шид сè до избувнувањето на Втората светска војна во Кралството Југославија во април 1941 година, кога нацистичката марионетска држава Независна држава Хрватска предводена од хрватските фашисти- усташи, го окупирале Срем и извршиле геноцид врз геноцид врз [[Евреи[[те, [[Срби[[те и [[Роми[[те.
Усташлата полиција го уапсила Шумановиќ заедно со 150 српски државјани и ги однела во концентрациониот логор во Сремска Митровица.
Таму бил погубен на 30 август 1942 година, заедно со многу други Срби и закопан во заедничка гробница на српските православни гробишта.
Стилски одлики
Неговиот ран уметнички стил се одликувал со различни влијанија, главно кубизам , но исто така и фавизмот и експресионизмот. Во неговите подоцнежни дела, Сава Шумановиќ успеал да развие свој, прилично оригинален уметнички израз, што тој едноставно го нарекол „на начинот на кој јас знам и можам“. Поради иновациите и единствениот стил, Шумановиќ може да се опише како еден од најистакнатите српски сликари во дваесеттиот век, како и главен сликар од Кралството Југославија.[3].
Музеј посветен на неговиот живот и дело кој се наоѓа во Шид.
Неговите дела се изложени и во музеите во Белград, Нови Сад, Крагуевац, Зрењанин, Сплит.
Галерија посветена на делото на Шумановиќ е основана во 1952 година врз основа на подарок од Персида Шумановиќ, мајката на сликарот.
Во неа се 417 уметнички дела, од кои 356 се маслени слики.
Во 1989 година, зградата е реновирана и оригиналната изложбена површина е проширена од 400 на 600 м2.
Ова овозможило истовремено изложување на голем број слики. Главната активност на галеријата е зачувување и презентирање на слики добиени како подароци. Покрај ова, собрана е и богата колекција на документарни материјали, како и извонредно богата хермотека (весник и периодична библиотека), кои содржат каталози од сите изложби одржани досега.
Исто така, дел од галеријата е и Спомен куќата на Сава Шумановиќ, како и археолошката колекција „Градина на Босут“ и антички саркофаг. Во рамките на галеријата работи и уметничкиот круг „Сава Шумановиќ“, составен од локални аматерски сликари. Десет години по формирањето на галеријата, беше инициран спомен-обележјето во чест на Сава Шумановиќ, настан што се одржува на секои три години.
Изложбата во јули 2019 година организирана од Галеријата на Матица Српска во Центарот за култура на Србија во Париз предизвика пошироко медиумско внимание.
Тој е вклучен во списокот на 100 најистакнати Срби[5].