Робсон де Соуза (португалски: Robson de Souza), роден на 25 јануари 1984 во Сао Висенте) познат како Робињо — бразилски фудбалер, напаѓач на Истанбул Башакшехир и поранешен репрезентативец на Бразил.
Својата кариера ја започнал во 2002 година во екипата на Сантос од Бразил, кога имал 17 години. Во 2005 година потпишал за Реал Мадрид, за сума од € 24 милиона. Во тимот на Реал одиграл 101 натпревари и постигнал 25 голови. Во 2008 година потпишал за Манчестер Сити за сума од € 42,5 млн. евро и плата од £ 160.000 неделно. Во Манчестер останал до 2010 година, кога преминал во редовите на Милан. После Милан играл уште и за Сантос (на заем од Милан една сезона), за Гвангжу Евергранде од Кина, за Атлеико Минеиро во неговиот роден Бразил, како и за турските клубови Сиваспор и Истанбул Башакшехир, каде настапува и денес.
За бразилската репрезентација има одиграно точно 100 натпревари и постигнал 28 голови. Својот последен натпревар за кариоките го одиграл на 25 јануари 2017 против Колумбија.
Наводи