Тој починал од студ и глад при неговото враќање од Јужниот Пол, на кој пристигнал на 17 јануари1912, пет седмици по Норвежанецот Роалд Амундсен.[1] Тимот за спасување ги пронашол замрзнатите тела на членовите на неговата експедиција во близина на еден од антарктичките резерви.[2] Тој, исто така, го нашол и неговиот дневник во кој ги опишал агонијата на членовите на експедицијата.
Пред неговото назначување да ја предводи експедицијата на Дискавери, Скот ја градел кариерата на поморски офицер во Кралската морнарица. Во 1899 година, тој имал шанса да се сретне со Сер Клеменс Маркхам, претседател на Кралско географско друштво, и на тој начин дознал за планираната експедиција на Антарктикот, која наскоро доброволно се пријавил да ја води. [3] По преземањето на овој чекор, неговото име станало неразделно поврзано со Антарктикот, полето на работа на кое тој останал посветен во последните 12 години од својот живот.
Следејќи ја веста за неговата смрт, Скот станал славен херој, статус што се рефлектира од спомениците подигнати низ Велика Британија. Меѓутоа, во последните децении на 20 век, Скот станал фигура на контроверзност, со прашања покренати за неговата компетентност и карактер. Коментаторите во 21-от век сметаат дека Скот е попозитивен по проценката на падот на температурата под -40 степени во март 1912 година и по повторното откривање на писмените наредби на Скот од октомври 1911 година, тимови да се состане и да му помогнат при враќањето.[4]
Семејство
Скот е роден на 6 јуни 1868 година, трето од шестте деца и постар син на Џон Едвард, сопственик на пиварница и судија, и Хана (родена Куминг) Скот од Стоук Дамерел, близу Девонпорт . Исто така имало и поморски и воени традиции во семејството. Дедото на Скот и четирите чичковци служеле во армијата или морнарицата. [5] Скот во раните детски години бил спокоен, но неколку години подоцна, кога ја основал поморската кариера, семејството ќе страда од сериозни финансиски неприлики.[6]
Во согласност со семејната традиција, Скот и неговиот помлад брат Арчи биле предодредени за кариера во вооружените служби. Скот поминал четири години во локално училиште пред да биде испратен во Стабингтон Хаус Скул во Хемпшир, каде се подготвувале кандидати за влезните испити за поморски бродови, како што е ХМС Британија во Дартмут. Откако ги положил овие испити, Скот ја започнал својата поморска кариера во 1881 година, како 13-годишен кадет.[7]
Популарен херој
"Дискавери" се вратил во Британија во септември 1904 година. Експедицијата била во фокусот на јавноста и Скот стана популарен херој. Тој бил награден со почести и медали, вклучувајќи многу од странство и бил унапреден во ранг на капетан. [8] БИл поканет во Замокот Балморал, каде што кралот Едвард VII му го доделил Кралскиот викторијански ред.
Следните неколку години на Скот bile преполни. Повеќе од една година тој бил окупиран со јавни приеми, предавања и пишување на записi за експедиција, "Патувањето на откритието". Во јануари 1906 година, продолжиl со својата поморска кариера, најпрво како помошник-директор на Поморска разузнавачка служба во Адмиралството, а во август, како капетан под команда на адмиралот Џорџ Егертон. Тој тогаш се движел во уште поголеми општествени кругови.
Наводи
↑Huxley 1913a, стр. 543–544. sfn error: no target: CITEREFHuxley1913a (help)
↑Crane, стр. 14-15. sfn error: no target: CITEREFCrane (help)
↑[www.amnh.org/exhibitions/past-exhibitions/race-to-the-end-of-the-earth/scott-s-expedition „Скотска експедиција“] Проверете ја вредноста |url= (help). Американски музеј за природна историја. Посетено на 15 јуни 2014.
May, K. (January 2013). „Could Captain Scott have been saved? Revisiting Scott's last expedition“. Polar Record. 49 (1): 72–90. doi:10.1017/S0032247411000751. S2CID145297104.