Ритам

Ритам.

Ритам претставува правилното и рамномерно повторување на еден или повеќе елементи во одреден простор. Повторувањето може да се движи во низа, круг или на цела површина. Ритамот може да се постигне со повторување на одреден, константен или променлив ликовен елемент (линија, големина, текстура, форма, волумен, боја, тон) со одредено променливо или исто растојание.

Ритмичкото комбинирање на еден, два или повеќе елементи во одреден простор, односно ликовна целина, е присутно уште од најраните творби на човекот. Народната уметност главно е изградена врз основа на повторување, односно ритам на одредени елементи. Ритамот е присутен и во архитектурата и во дизајнот.

Основа на секој ритам е повторувањето како движење во одреден правец. Тој е всушност основен принцип во уметничкото творештво: литературата, музиката, балетот, филмот, театарот и во сите видови ликовно творештво.

Правилен ритам е оној кој се добива со наједноставно повторување на еден елемент кој воопшто не се менува при повторувањето. При тоа, растојанието, големината, формата и бојата остануваат исти. Овој ритам е едноличен, монотон и неинтересен.

Неизменичен ритам е оној кој се добива со повторување на две или повеќе видови вредности, еден или повеќе видови ликовни елементи, но растојанието останува исто. На пример: тенка и дебела линија, крива и права линија, топла и студена боја, различна големина, различна текстура, полн и празен волумен, испупчен и вдлабнат итн.

Наизменичниот ритам може да менува и повеќе од два квалитети. Двата квалитети на менување можат да се менуваат и внатре во себе, т.е. да ја менуваат бојата, тонот, големината, формата, но мора да задржат едно од својствата за да бидат препознатливи како елементи за повторување. На пример, ако бојата останува иста, се менуваат формата или големината. При ваков ритам важно е елементите да варираат хармонично во промените, без големи контрасти.

Ритамот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Ритми без сјај“ (српски: Ритми без сјаја) — песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1919 година.[1]
  • „Девојките имаат ритам“ (англиски: Girls Got Rhythm) — песна на австралиската рок-група АЦ ДЦ (AC DC') од 1979 година.[2]
  • „7/8 & 11/8“ — песна на Горан Бреговиќ од 1993 година.[3]
  • „Дали знаеш за некој друг ритам?“ (српски: Da li znaš Za neki drugi ritam?) — песна на српската рок-група Дисциплина кичме од 1991 година.[4]

Наводи

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!