Ранко Мамузиќ (роден на 30 јануари 1998 во Кавадарци) — македонски кошаркар кој настапува за кошаркарскиот клуб Струмица.
Клупска кариера
Младинска кариера
Мамузиќ има играно во младинските категории на Л'Алфас со кој има играно финалето на регионалниот турнир на покраината Аликанте во 2015 година.[1]
Сениорска кариера
Во сезоната 2015/16, тој бил вклучен во сениорскиот состав на Л'Алфас кој бил четвртолигаш.[2] Следната сезона настапувал во клубот Баскет Аликанте. За сезоната 2017/18, тој се вратил во Македонија и потпишал за МЗТ Аеродром.[3][4] Но во ноември таа сезона, тој бил даден на позајмица во Кожув за до крајот на сезоната.[5] Така, тој се вратил и играл во дресот на МЗТ во сезоната 2018/19 кога станал првак со екипата. Во сезоната 2019/20, за поголема минутажа, Ранко играл за вториот тим на МЗТ кој исто така бил прволигаш. Таа сезона, тој затекнат со прекин на сезоната поради COVID-19 пандемијата во земјата и светот.[6][7] За сезоната 2020/21, на крајот на јуни 2020 година, тој потпишал едногодишен договор со кој се преселил во редовите на Еуро Никел 2005.[8]
Репрезентативна кариера
Младинска кариера
Тој бил вклучен во репрезентацијата на Македонија под 18 години.[9]
Успеси
Титули
МЗТ Аеродром
|
Признанија
- Почесно споменување во сезоната 2019/20[10]
|
Наводи
Надворешни врски