Првичен извор или примарен извор[1][2] — поим кој се користи во поголем број на научни дисциплини. Во историографијата првичен извор или оригинален извор претставува документ, запис или некој друг вид на извор на информации (вклучувајќи: слики, скици и др.) кои се создадени во периодот за кој студијата се однесува.
Слични (но не и истоветни) дефиниции за првични извори на информации се користат и во другите области на науката. За првични извори на информации се сметаат изворите кои директно го опишуваат објектот на научен интерес на истражувачот.
Првичните извори на информации содржат податоци за оригинални научни истражувања, како и за резултатите добиени од нив[3][4].
Доколку едно научно истражување довело до извесни резултати, тие резултати потребно е да се презентираат во погодна форма. Некои од стандардните форми во кои може да се презентираат оригинални научни резултати се[5]: