Полинезиски јазици

Полинезиски јазици
Географска
распространетост:
Полинезија
Класификација:австронезиски
Гранки:

Полинезиските јазици е семејство јазици кои се зборуваат во Полинезија. Се класификуваат како припадници на поширокото австронезико семејство, поконкретно како дел од океанската гранка. Самите тие се делат на две подгрупи: тонгиски и јадрени полинезиски јазици. Во светот има околу 5 милиони Полинезијци.

Постојат околу 40 полинезиски јазици. Најзначајни од нив се тахитскиот, самоанскиот, тонганскиот, маорскиот, фиџискиот и хавајскиот. Полинезиските острови биле населени релативно доцна во историјата, а јазиците почнале да се двојат дури пред 2000 години. Ова значи дека јазиците од оваа група имаат големи меѓусебни сличности. Тонгиската подгрупа ја сочинуваат тонганскиот и ниуеанскиот јазик, додека пак сите останати се сметаат за дел од јадрената група на полинезиски јазици.

Класификација

Поделба на полинезиските јазици.
Поделба на полинезиските јазици.

Класификација според Базата на основни австронезиски зборови

Најновите групирања на полинезиските јазици се утврдени со анализата на Базата на податоци на основниот лексикон на авsтронезиските јазици (Austronesian Basic Vocabulary Database)[1] во 2008 г. Тука се наведени само оние со 90% убедливост:

Од регионалните јазици тука не се вклучени ниуафоуанскиот и пукапуканскиот, за кои нема утрврдено класификација.

Класификација според Ethnologue

Според Ethnologue, целосниот список на полинезиски јазици е[2]:

полинезиски јазици (39 јазици)
јадрени полинезиски јазици
источни
централни
маркиски јазици
маркиски јазик
северномаркиски
јужномаркиски
мангаревански јазик
хавајски јазик
пукапукански јазик
тахитски јазици
австралски јазик
маорски јазик
пенрински јазик
ракаханганско-манихикиски јазик
раротонгански јазик
тахитиски јазик
туамотски јазик
мориорски јазик
рапански јазик
рапанујски јазици
рапанујски јазик
самоански јазици
ниуафоуански јазици
ниуафоуански јазик
валиски јазик
елиски јазици (8)
капингамарангиски јазик
нукумански јазик
нукуорски јазик
нукуриски јазик
онтоншко-џавански јазик
сикајански јазик
такуански јазик
тувалски јазик
футунски јазици
анутски јазик
емаејски јазик
источнофутунски јазик
футуно-анивански јазик
меле-филански јазик
ренелски јазик
тикописки јазик
западноувејански јазик
пиленски јазик
пукапукански јазици
пукапукански јазик
самоански јазици
самоански јазик
ниуатопутапуански јазик
токелајски јазици
токелајски јазик
тонгански јазици
ниуеански јазик
тонгански јазик

Меѓусебни сличности

Делумно поради фактот што овие јазици се раздвоиле во групи во компаративно поскоро време, голем број зборови од лексиконите на овие јазици се меѓусебно слични. На табелата подолу се прикажани зборовите „небо“, „северен ветер“, „жена“, „куќа“ и „родител“ како претставителен избор на поими од следниве јазици: тонгански; ниуеански; самоански; сикајански; такуански; рапанујски; тахитски; куковоостровски маорски (раротонгански); маорски; северномаркески; јужномаркески; хавајски и мангаревански.

Македонски Тонгански Ниуеански Самоански Сикајански Такуански Рапанујски Тахитски Раротонгански Маорски Северномаркески Јужномаркески Хавајски Мангаревански
небо /laŋi/ /laŋi/ /laŋi/ /lani/ /ɾani/ /ɾaŋi/ /ɾaʔi/ /ɾaŋi/ /ɾaŋi/ /ʔaki/ /ʔani/ /lani/ /ɾaŋi/
северен ветер /tokelau/ /tokelau/ /toʔelau/ /tokelau/ /tokoɾau/ /tokeɾau/ /toʔeɾau/ /tokeɾau/ /tokeɾau/ /tokoʔau/ /tokoʔau/ /koʔolau/ /tokeɾau/
жена /fefine/ /fifine/ /fafine/ /hahine/ /ffine/ /vahine/ /vaʔine/ /wahine/ /vehine/ /vehine/ /wahine/ /wahine/
куќа /fale/ /fale/ /fale/ /hale/ /faɾe/ /haɾe/ /faɾe/ /ʔaɾe/ /ɸaɾe/ /haʔe/ /haʔe/ /hale/ /faɾe/
родител /motuʔa/ /motua/ /matua/ /maatua/ /matuʔa/ /metua/ /metua/ /matua/ /motua/ /motua/ /makua/ /matua/

Помеѓу различните полинезиски јазици може да се забележат извесни правилни совпаѓања и еквиваленти. На пример, маорските гласови /k/, /ɾ/, /t/ и /ŋ/ соодветствуваат на хавајските /ʔ/, /l/, /k/ и /n/. Така „човек“ на маорски е tangata, а на хавајски е kanaka; маорскиот збор за „долгнавест“ е roa, а истиот на хавајски е loa. Познатиот хавајски поздрав aloha е еквивалент на маорскиот збор aroha, „љубов“ или „нежност“.

Сличностите во лексиконот им овозможуваат на луѓето од разни островски групи да се разбираат изненадувачки добро. Многу полинезисски јазици биле, и сè уште се жртва на европските колонизации. Пример за ова се маорскиот и хавајскиот, кои биле во голема мера потиснати од англискиот јазик, и почнуваат да заживуваат дури во последно време, и тоа благодарение на посебни напори.

Поврзано

Белешки

Наводи

  • Krupa V. (1975-1982). Polynesian Languages, Routledge and Kegan Paul
  • Irwin, Geoffrey (1992). The Prehistoric Exploration and Colonisation of the Pacific. Cambridge: Cambridge University Press.
  • Lynch J. (1998). Pacific Languages : an Introduction. University of Hawaii Press.
  • Lynch, John, Malcolm Ross & Terry Crowley (2002). The Oceanic languages. Richmond, Surrey: Curzon Press.
  • Marck, Jeff (2000), Topics in Polynesian languages and culture history. Canberra: Pacific Linguistics.

Надворешни врски