Плиска (бугарски: Плиска) — град во Североисточна Бугарија, припаѓа на општината Каспичан во Шуменската Област. Има население од околу 914 жители (2022).[1] Плиска била првата престолнина на Дунавска Бугарија од 681 до 893 година.
Географија
Градот се наоѓа на 6,2 километри северозападно од градот Нови Пазар и 7,2 километри северно од градот Каспичан, со станица на железничката линија Варна-Русе.
Историја
Плиска бил главен град на Бугарија од 681 до 893 година. Бугарските хроники кажуваат дека основачот на градот бил Кан Аспарух и ако за ова нема археолошко докази. Градот зафаќал територија од 23 км² и бил опкружен со ров и земјен бедем, а центарот бил опкружен со одбранбен ѕид. Во градот имало палати и камена базилика. Зачувани се остатоци од глинената водоводна цевка. Овде се зачувани некои од најзначајните споменици на Плисковско-Преславската култура.
Во 811 година, Плиска била ограбена од византиската војска, но наскоро напаѓачите биле одбиени од Кан Крум во текот на битката. Во 886 година Борис I ја основал Плисковската книжевна школа, на чие чело бил Наум Охридски. Ова училиште било најважниот литературен и културен центар на Првото Бугарско Царство. Подоцна царот Симеон I го преселил главниот град од Плиска во Преслав, утврден град во близина на поранешната престолнина.
Во текот на 10 век, важноста на Плиска опаѓала, додека моќта и ресурсите биле концентрирани во Велики Преслав. За време на нападите на Киевска Русија и Византиската империја помеѓу 969 и 979 година, градот бил уништен, но не бил повторно изграден.
За време на османлиското владеење, на околу 3 километри јужно од старата престолнина се појавила нова населба, која се нарекувалa Абоба. Во 1925 година била преименувана во Плисков, а во 1947 година го добила името Плиска.
Културни обележја
- Национален историско-археолошки резерват "Плиска"
- Голема базилика во Плиска
- Комплекс „Стара Плиска“
Наводи
Надворешни врски