Планинарски дом „Чеплез“

Планинарскиот дом „Чеплес“ се наоѓа на 1435м надморска височина во месноста Чеплес на планината Даутица, на планинскиот масив Јакупица. Домот се наоѓа во шума од високи букови дрва. Околу домот има широко отворен простор, тревнат и обраснат со папрат. Има извонреден планински амбиент и поглед кон врвовите на Јакупица. Домот е изложен на исток и има долг сончев период преку денот.

Изградба

Домот е изграден во 1952 година.

Граден е од тврд камен и кал. Катот е граден од плот (плитар) малтерисан со кал. Кровната конструкција е од дрво покриен со поцинкуван лим. Има подрумска просторија, приземје и кат. Покрај домот е изградена помошна просторија, градена од цврст материјал (камен и малтер) во која е сместена трпезарија, кујна, бања и тоалет.

Домот има пет соби за спиење од кои две поголеми со групни легла. Има 56 кревети, но со групното сместување може да се сместат околу 100 планинари. Домот редовно се одржува, има електрично осветлување, довод на вода од сопствен извор - Нортонов бунар (пумпа). Надвор од домот има чешма со природна вода, исправна за пиење. Изградена е нова зграда со соби за сместување како продолжение на градбата каде што се наоѓа кујната.

Домот е постојано отворен и има постојан домар.

Пристап до домот

Со автомобил

Со автомобил може да се пристигне од Богомила (50 км југозападно од Велес), преку селото Нежилово или преку селото Папрадиште. Со возило по патот до домот се стигнува за околу 1 час од Богомила. Патот од Богомила до селата Папрадиште и Нежилово е асфалтиран и се наоѓа во прилично лоша состојба, на некои места асфалтот е значително оштетен поради што потребно е внимателно возење. Патот е тесен и во горниот дел кон горните села практично е невозможно разминување на две возила поради што во денови на значителна посетеност на ова подрачје се создаваат подолги колони поради застои заради разминување.

Со воз и пеш

Со воз може да се стигне ако се користи железничката линија Велес - Прилеп - Битола, со симнување на железничката постојка кај селото Ореше, потоа пеш се оди по трасата Петле - Папрадиште - Чеплеска Река во траење од околу 3-4 часа. Или преку Нежилово со речиси исто времетраење. Патеките се обележани и главно добро одржувани од страна на Планинарското друштво „Солунска Глава".[1]

Можни излети

  • Излет до изворите на реката Бабуна, во месноста Бабина Дупка, пешачење 2 часа од домот.
  • Искачување на врвот Солунска Глава, со височина од 2.539 м, околу 2 часа печашење во добри временски услови во летниот период. Можни се брзи промени на временските услови од кои причини искачувањето до врвот се препорачува на искусни планинари или во организирани групи во кои има искусни планинари.
  • Траса Чеплес - Солунска Глава - Убава - Патишка река - Скопје. Околу 8 часа пешачење
  • Траса Чеплес - Солунска Глава - Планинарски дом Караџица - Планинарски дом Китка. Околу 4 часа пешачење.[1]

Литература

41°39′50″N 21°25′42″E / 41.66389° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.66389; 21.42833

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!