Петар Глигоровски (роден како Перица Панов, Скопје, 3 февруари1938 - Скопје, 4 декември1995) — македонски сликар и режисер на анимирани филмови. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, а анимација специјализирал во Загреб. Тој е еден од водечките претставници на македонската современа анимација. Автор е на првиот македонски анимиран филм „Embrion № M“ во 1971 година[1].