Парма

Парма
Pärma  (јазик?)
општина
Град Парма
Управната палата
Управната палата
Знаме на ПармаГрб на Парма
ЗемјаИталија
РегионЕмилија-Ромања
ПокраинаПарма (PR)
ПоделоциПогледајте список
Управа
 • ГрадоначалникФедерико Пицароти (Независен)
Површина
 • Вкупна260,77 км2 (10,068 ми2)
Надм. вис.&1000000000000005500000055 м
Население (30 јуни 2018)[1]
 • Вкупно197.132
 • Густина7,6/км2 (20/ми2)
ДемонимПармежани
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.43121-43126
Повик. бр.0521
Светец-заштитникСвети Илариј, Хонорат, Свети Рох
Слава13 јануари
Мреж. местоМатична страница

Парма ( италијански: Parma ) — познат град во Италија . Парма е исто така втор по големина град во провинцијата Емилија-Ромања во северниот дел на државата и главен град на истоимената област Парма .

Парма е позната по својата архитектура и силната традиција во земјоделството и прехранбената индустрија. Универзитетот во Парма [2] е еден од најстарите во Италија.

Познат фудбалски клуб кој доаѓа од овој град е ФК Парма .

Потекло на името

Името на градот е поврзано со името на староримскиот штит - Парма. Првично така бил именуван потокот, кој денес го дели градот на два дела, и кој е толку мал што се суши во поголемиот дел од годината.

Географија

Плоштад Гарибалди во стариот град
Парма ноќе - најпознатиот градски мост
Дуждев парк
Градски специјалитет - Тортилин d'Erbeta

Парма се наоѓа на преминот од централна кон северна Италија . Градот се наоѓа на 470 км северно од главниот град Рим и 125 км југоисточно од Милано .

Релјеф

Градот е во рамничарско подрачје, најсеверните планини на Апенините се релативно близу до градот.

Клима

Климата во Парма е изменето континентална клима со забележително влијание од Средоземното Море. Затоа, во лето е многу топло, а снегот е вообичаен во зима и е многу ладно во споредба со поголемиот дел од јужна Италија .

Вода

Парма се наоѓа на потокот со исто име, кој е толку мал што често се суши. Реката По, како прва голема река, се наоѓа на 20 км северно од градот.

Популација

Според резултатите од пописот во 2011 година, во општината имало 175.895 жители.[3]

Стопанство

Парма е голем индустриски центар со високоразвиена прехранбена индустрија. Најголемиот индустриски гигант од Парма е млечната индустрија „ Пармалат “, позната низ целиот свет. Важноста на градот како светски важен центар на прехранбената индустрија може да се види од фактот дека Парма е седиште на Европскиот орган за безбедност на храна.

Знаменитости

  • катедрала со дела од Антонио Кореџо [4]
  • крстилница од 1196 година е еден од најзначајните средновековни споменици во Европа
  • црквата Свети Јован е изградена помеѓу 1498 година година и 1510 година година. Има барокна фасада.
  • Манастирот Свети Павле
  • Музеј Ломбардија

Познати луѓе од Парма

Градови партнери

Галерија

Наводи

  1. „Popolazione residente Anno 2016“. GeoDemo - ISTAT (италијански). Архивирано од изворникот на 2017-02-06. Посетено на 1 August 2016.
  2. Università degli Studi di Parma il mondo che ti aspetta
  3. „Statistiche I.Stat“. ISTAT. 28 декември 2012.
  4. The Cathedral of Parma is from 900 years a place of art, history and sacredness.

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „ISTAT_Bil2015Tot“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „ISTAT_Bil2015Ext“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „ISTAT_Inter2001“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!