Белиот го напаѓа пунктот f7 и го оневозможува црниот да го движи својот d-пешак до полето d5.
Без примена на почетничкото правило: „развивајте ги коњите пред ловците“, белиот го остава својот f-пешак слободен, дозволувајќи си ја можноста да одигра f2-f4. Ова му дава на отворањето со ловец афинитет како Кралевiot гамбит и Виенската партија, отворања кои ги имаат сличните одлики. Всушност, отворањето со ловец може да се трансформира во Кралев гамбит или Виенска партија, или во Италијанска партија или Одбрана со два коња, но возможни се и трансформации во други отворања. Вообичаено, на белиот му останува тревогата за шанса за трансформација во некоја од за него одличните варијанти на Кралевiot гамбит, но со внимателна игра црниот може лесно да ја избегне опасноста.
Вивер Адамс во неговото класично дело „Белиот на потег и победува“ тврди дека отворањето се пешак било победа за белиот со моќна игра од вториот потег.[2] И покрај тоа, тој не бил способен да го докаже ова со победи над противници посилни од него. Адамс, кого велемајсторотЛари Еванс го опишал како „поврзан со радикалното десно крило во шахот“, подоцна го заменил отворањето со ловец со Виенската партија, тврдејќи дека тоа отворање полесно води кон победа отколку отворањето со ловец.[3] Велемајсторот Ник де Фирмиан, во 14-то издание на Модерни шаховски отворања заклучува дека отфворањето со ловец води кон еднаквост при најдобра игра од обете страни[4] и забележува дека „меѓу современите шахисти, само Бент Ларсен го има играно многу, но само Каспаров му има дадено полет (победувајќи против Бареев).“[5]