Основен суд Штип — суд со основна надлежност сместен во градот Штип и го опфаќа подрачјето на општините Штип, Карбинци и Пробиштип, со судско одделение во градот Пробиштип.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во Штип и Свети Николе.
Судот во Штип ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Штип одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.
Историја
Основниот суд во Штип, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.
Првично, судот бил сместен во центарот на градот, позади куќата на Стрмбови, а денес позади хотелот „Гарни“. Во еден период, судот се наоѓал и во близина на Камениот мост во центарот на градот. Дел од судот се наоѓал и во зградата на плоштадот „Слобода“.
Денешната зграда била изградена околу 1960 година, а околу 1980 година бил дограден уште еден дел. Во 2004 година, судот бил обновен, а добил и нови простории.
Внатрешна организација
Основниот суд во Штип е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
41°44′15″N 22°11′49″E / 41.73750° СГШ; 22.19694° ИГД / 41.73750; 22.19694