Основен суд Делчево

Основен суд Делчево — суд со основна надлежност сместен во градот Делчево и го опфаќа подрачјето на општините Делчево и Македонска Каменица.[1]

Судот во Делчево ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Делчево одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

Основниот суд во Делчево, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Судот започнал со работа во старата зграда која се наоѓа во стариот дел на градот, а од 1977 година судот е сместен во новата зграда, во која е сместен и денес.

Внатрешна организација

Основниот суд во Делчево е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Поврзано

Наводи

  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски

41°31′23″N 20°31′36″E / 41.52306° СГШ; 20.52667° ИГД / 41.52306; 20.52667

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!