Целта на операцијата Немезис била да се казнат водачите на младотурците кои го организирале Ерменскиот геноцид во 1915 година, како и организаторите на ерменските прогони во Баку во 1918 година и ерменските предавници кои соработувале со Турците[1][2][3].
Операцијата била испланирана и спроведена од Ерменската револуционерна федерација и била наречена Немезис во чест на грчката божица на одмаздата Немезида. Одлуката за спроведување на операцијата била земена во Ереван во 1919 година по прогласување на независност на Демократска Република Ерменија претходната година[4]. Списокот бил долг. Од 650 идентификувани имиња биле одвоени одвоиле 41 лице како главни виновници. За извршувањето на операцијата бил создаден создава одговорен орган.
Оперативното раководство и осигурувањето на финансии било обезбедено од Шахан Натали и Крикор Мерчанов. На групата на Храч Папазин, турски студент кој успеал да стигне до високите кругови на младотурците кои биле во заточение, било наредено да ги открие. Операцијата била подготвувана многу детално. Организациските центри биле редакциите на весникот (Битка) во Цариград и весникот (Знаме) во Бостон. Групите кои требало да ја исполнат одлуката биле составени од 3 до 5 луѓе. Нивната задача била да го следат конкретниот криминалец и при добар момент да ја спроведат одлуката.