Онгаонга (науч. Urtica ferox) или дрвенеста коприва — коприваендемска на Нов Зеланд. Има дрвенести дршки и необично големи листови кои достигнуваат 5 м во височина. Дури и најлесниот допир до растението дава болови кои траат неколку дена. Од ова растение има загинато најмалку еден човек, како и неколку кучиња и коњи кои случајно се имаат втурнато во него.
Во маорскиот фолклор, Купе поставил неколку пречки за неговите гонители, чии жени тој ги имал украдено, една од кои била онгаонга.
Онгаонга е главна храна за ларвите на пеперутката новозеландски црвен адмирал или кахукура (Bassaris gonerilla).
Наводи
Connor, H. E. (1977) [1952]. Poisonous Plants in New Zealand (DSIR Research Bulletin 99) (2. изд.). Wellington: Government Printer.
Crowe, Andrew (1999-09-07). Which Native Forest Plant?. New Zealand: Penguin. ISBN 0-14-028631-4.
Hutching, Gerald (1998). The Natural World of New Zealand. New Zealand: Viking (Penguin). ISBN 0-670-87782-4.