Берлин има статус на град и на сојузна покраина. Со административната реформа во 2001 г. тој е поделен на 12 окрузи (германски: Bezirke) со свои месни управи.
Секој округ има окружен совет (Bezirksamt) со пет советници (Bezirksstadträte) и окружен градоначалник (Bezirksbürgermeister). Советот го бира окружно собрание (Bezirksverordnetenversammlung). Окружната управа има ограничена надлежност и е подредена на повисоката градска управа на Берлин. Окружните градоначалници членуваат во Градоначалнички совет (Rat der Bürgermeister) возглавен од градскиот градоначалник и го советува Сенатот на Берлин.
Историја
Секој округ има по неколку официјално признаени населби (Ortsteile). Тие некогаш биле одделни градови или села, кои во 1920 г. се обединиле согласно Законот за Голем Берлин, и со тоа му на дале основа денешниот град како покраина. Населбите немаат никакви овластувања, туку се признаени од градот и окрузите за плански или статистички цели. Жителите се препознаваат во населбата во која живеат многу повеќе отколку во округот. Населбите имаат свои маала кои немаат службен статус, но сепак се земаат предвид при планирање и статистика.
Со создавањето на Голем Берлин во 1920 г. градот бил поделен на 20 окрузи, претжено наречени според најголемата населба во секој од нив, и кој претходно бил свој град или општина; други, како Кројцберг и Пренцлауер Берг, се наречени по природни топоними.
Во 2000 г. градот имал 23 окрузи поради трите нови окрузи создадени во Источен Берлин. Во 2001 г. е направена реформа со која бројот на окрузи е сведен на 12.
Окрузи
На табелава се прикажани дванаесетте окрузи на Берлин:[1]
Сите грбови на берлинските окрузи имаат штит од шпански облик со градобранска круна: црвен градобран со 3 кули на кој во средината е претставен грбот на Берлин.
Во 2012 г. дванаесетте окрузи имале вкупно 96 официјално признаени населби (Ortsteile). Речиси сите тие се поделени на маала (Ortslagen, Teile, Stadtviertel, Orte итн.). Најголема населба е Кепеник (34,9 км2), а најмала е Ханзафиртел (0,53 км2). Најнаселена е Нојкелн (154.127 жит. во 2009 г.), а најслабо населена е Малхов (450 жит. во 2008 г.).[2]