Киргистан е поделен на седум области. Главниот град Бишкек е административно независен град, а воедно и административен центар на покраината Чујската област. Таков статус има и градот Ош. Секоја област е поделена на реони под раководство на управници назначени од владата. Постои и групирање на селата во заедници од неколку до дваесетина села со свој градоначалник и совет.