Нистагмус е состојба на неволно (или волно во некои случаи)[1] движење на очите. Може да се јави од раѓање, но почесто се стекнува во текот на детството или покасно во животот. Во многу случаи може да резултира со намален или лимитиран вид.[2]
Постојат две форми на нистагмус: патолошки и физиолошки, со варијации во секој тип. Нистагмусот може да биде предизвикан од вродено нарушување или недостиг на сон, стекнати или нарушувања на централниот нервен систем, токсичност, лекови, алкохол, или вртежни движења.
Наводи