Нино Величковски (2 мај1954, Куманово) – македонски пејач на народна музика.
Кариера
Величковски е македонски пејач на народна музика кој е надалеку познат по звукот на тамбурата кој го следи целиот свој живот.
Тој е чест учесник на фестивалите: "Фолк Фест Валандово", "Цветници", "Филиграни", "Тумба Фест" "Гоце Фест", "Охрид Фест", "Прилеп Фест" и Тамбурашкиот Фестивал во Куманово, каде има освојувано и награди на истите.
Негов најголем хит е "Свирете ми тамбури" покрај неа се: "Бабино девојче", "Уште еднаш", "Не се трпат немири", "Малку треба", "Сега е веќе доцна", "Кажи ми Лено душо", "Биди ми бисер", "Песните се мои другари", "Љубовта е света", "Стара љубов", "Ние двајца", "Песната беше мојот живот", "Многу е тешко да си зет", "Со мерак" и други...
Во својата кариера има издадено неколку албуми со свои авторски песни.