Никола Лазаревски (роден на 29 март 1931 година во Скопје - починал на 4 декември 2002 година во Скопје) — македонски филмски сценограф.[1]
Животопис
Никола Лазаревски своето средно образование го завршил на архитектонски отсек во Скопје. Во кинематографијата влегол во 1953/54 година кога се вработил во продуцентската куќа „Вардар филм“ - Скопје. Работел како асистент-сценограф, а продолжил како сценограф, иако понекогаш работел и како организатор, асистент на режија и директор на филм. Како пензионер, од 1988 година продолжил да работи на одредени филмски проекти.
За својата работа на филмот, добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои:
Наводи