Николае Тимофти (молдавски и романски: Nicolae Timofti; р. 22 декември 1948) — молдавски политичар и правник на функцијата претседател на Молдавија од 23 март 2012 г.[1][2] Пред да стане претседател, стоел на чело на Врховниот мировен судски совет на Молдавија.
Детство, младост и образование
Тимофти е роден во семејството на Елена и Василе Тимофри во Чутулешт, Молдавска СССР, СССР,[3] како едно од пет деца. На почетокот на 1949 г. потоа семејството се преселило во Флорешт, а истата година дедо му бил депортиран од советските власти во Амурската област, каде во 1953 г. починал.[4] Во 1972 Тимофти дипломирал на Правниот факултет при Државениот универзитет на Молдавија.[5]
Правни ангажмани
По дипломирањето, отслужил воен рок во траење од две години, па во 1976 г. почнал да работи како судија. Во 1990-тите бил клучен реформатор. Во 2005 г. е примен за член на Вишата судска комора, а во 2011 г. е назначен за претседавач на Врховниот мировен судски совет.[5]
Претседателствување
Со доаѓањето на претседателската функција ја истакнал важноста Молдавија да продолжи со евроинтеграција[6] и нагласил дека земјата „нема друга иднина освен европска“.[5] Поранешниот в.д. претседател и сегашен претседател на парламентот Михај Гимпу се искажал дека Тимофти „...е прогресивен човек, [што] значи многу за Република Молдавија.“[5]
Личен живот
Тимофти е оженет со правничката Маргарета Тимофти и имаат три сина: Алексеј (р. 1977) — правник во Светската банка во Вашингтон, Нику (р. 1980) — спортски новинар во Кишнев и Стефан (р. 1989), кој е економист во Кишинев.[5]
Наводи
Надворешни врски