Националното народно собрание (кинески: 全国人民代表大会; пинјин: Quánguó Rénmín Dàibiǎo Dàhuì), скратено: ННС (人大; Rén-Dà) — еднодомниотзаконодавен дом (парламент) на НР Кина. Заседава во Големата народна сала во Пекинг и има 2.987 пратенички места. Со тоа е најголемиот парламент во светот.[1] ННС заседава секоја година заедно со Народното политичко советодавно собрание (НПСС), чии членови претставуваат разни општествени групи. Овие две тела заедно се нарекуваат „лиангхуј“ (две средби) и играат клучна улога во политичкиот живот на земјата.
Во теорија, ННС е највисокиот државен орган во земјата со големи уставно-пропишани законодавни надлежности. Од 1990-тите наваму ННС претставува форум за расправање и усогласување на разликите помеѓу разните делови на партијата, владата и општествените групи. Меѓутоа, и покрај ова, извесни надворешни аналитичари сè уште го сметаат за „партиски апарат за дигање раце“.[2]
Собранието има околу 3.000 пратеници, кои се бираат за мандат од пет години преку повеќестепен застапнички изборен систем. Пратениците се бираат на покраинските собранија, чиј состав пак се бира на собранија од понизок ранг, и така сè до собранијата што се избираат непосредно од гласачкото тело.
Постојат ограничувања на бројот на претставници. На државно ниво, тоа се 110 кандидати за 100 места, а на покраинско ниво соодносот е 120 кандидати за 100 места. Овој сооднос се зголемува во секој нареден степен assemblies, сè до најдолниот (селска заедница) каде нема ограничувања. Официјалниот став е дека бројот на кандидати треба да е поголем за 20% до 50% од бројот на пратенички места.
Президиумот на ННС е тело на ННС со 178 члена.[6] Се состои од виши функционери на Комунистичката партија (КПК), државата, некомунистичките партии (Обединет фронт) и Секинескиот индустриско-трговски сојуз (中华全国工商业联合会), независни членови, началници на државните служби и народните организации, најистакнати членови на сите 35 делегации на заседанијата на ННС (вкл. оние од Хонгконг и Макао) и војската (Народна ослободителна армија).[6] Овој орган ги предлага претседателот и потпретседателот на државата, претседателот, потпретседателот и генералниот секретар на Постојан комитет на ННС, претседателот на Централниот воен комитет и претседателот на Врховниот народен суд. Сите предложени лица потоа одат на гласање пред ННС.[7] Функциите на телото се пропишани во Органскиот закон на ННС, но не и неговиот состав.[7]
Постојан комитет
Постојаниот комитет на ННС е траен орган со состав избран од пратениците и се состои од следниве функционери:[8]