Мултиплексер — во електрониката уред којшто како влез прима повеќе аналогни или дигитални сигнали, а како излез дава еден единствен сигнал.[1] (Има случаи кога на излез дава повеќе од еден сигнал тоа е најчесто некој степен од 2, но дава прилично мал број на излезни сигнали). Мултиплексер со 2n влеза има ⌈n⌉ линии од кои избира која линија да ја испрати на излез.[2] Мултиплексерот главно се користи за да се зголеми количината на податоци која се пренесува преку мрежата во определен временски период и определена ширина на честотен опсег.[1] Мултиплексерите можат исто така да се користат за реализација на Булови функции од повеќе променливи.
Електронскиот мултиплексер овозможува повеќе сигнали да делат исто коло или ресурс, на пример, еден А/Д претворач или една комуникациска линија, наместо да се користи посебно коло за секој влезен сигнал.
Демултиплексерот спротивно од него како влез прима единична линија, а потоа го разделува секој сигнал на посебна линија. Обично кога се поврзуваат два уреди едниот има мултиплексер кој ги спојува сигналите кои се пренесуваат во еден, а другиот уред има демултиплексер кој ги разделува сигналите на посебни линии.[1]
Мултиплексерите најчесто се користат во компјутерската наука, за спојување на повеќе сигнали обично парен број, и во телекомуникациите за спојување на повеќе телекомуникациски линии во една единствена.
Покрај влезните сигнали потребни се и контролни сигнали кои ќе одредуваат кој сигнал кога ќе се прими и кој сигнал кога ќе се пушти. Мултиплексерот врз основа на бинарни броеви ги одредува овие сигнали.
Функција на мултиплексерот
Главната функција на мултиплексерот е заштедата во пари при пренесувањето на сигналите, бидејќи за сигнали што се пренесуваат на големи далечини или ако користиме некој скап уред тогаш најповолно ни е да ги споиме сигналите. Исто така во компјутерската техника често се користи кога немаме доволно место за повеќе уреди, тогаш го спојуваме сигналот го пренесуваме па го делиме.
Системот каде што користиме мултиплексер и демултиплексер под заедничко име се подразбира како мултиплексер.
Дигитален мултиплексер
Во дигитално коло, сигналите за селектирање се дигитални вредности. Ако имаме 2-1 (2 во 1) мултиплексер, логичка вредност од 0 на сигналот за селектирање ќе го поврзе влезниот сигнал I0 со излезот, а вредност од 1 ќе го поврзе влезниот сигнал I1 со излезот. Додека кај поголемите мултиплексери, бројот на сигналите за селекција е еднаков на каде n е бројот на влезни сигнали.
На пример за 9 до 16 влезни сигнали потребни се 4 селекторски сигнали, а за 17-32 ни требат 5 сигнали за селекција. Бинарната вредност на тие сигнали го означува сигналот кој ќе се пропушти.
каде A,B се влезните сигнали, S е сигналот за селекција, а Z е излезниот сигнал.
Логичкиот израз може да се напише во логичка табела што изгледа вака:
0
1
1
1
1
0
1
0
1
0
0
0
0
1
1
1
1
1
0
0
0
1
1
0
0
0
Од логичката табела јасно се гледа дека кога S=0 тогаш Z=A, а кога S=1 тогаш Z=B. За реализација на овој мултиплексер ќе ни требаат 2 "И" порти, една "ИЛИ" и една "НЕ" порта.
Други често користени мултиплексери се 4-во-1, 8-во-1, 16-во-1 прикажани на сликата:
Мултиплексер 4 во 1
Мултиплексер 8 во 1
Мултиплексер 16 во 1
Логичкиот израз за мултиплексерот 4-во-1 е:
Подолу се прикажани две можни реализации на мултиплексер 4-во-1: