Морскиот брег кај Палавас (француски: Le Bord de mer à Palavas) ― слика од 1854 година на плажата во Палавас-ле-Флот од Гистав Курбе. Била нарачана од Алфред Бруја за време на првиот престој на Курбе во Монпелје. Курбе потекнува од Франш Конте и затоа пејзажите на Лангедок и Средоземјето биле откровение. Делото било делумно вдахнато од Монах покрај морето од Каспар Давид Фридрих. Сега е во Фабровиот музеј во Монпелје.
|
---|
| Слики | | |
---|
| Циклуси | |
---|
| Музеи | |
---|
| Курбе како тема | |
---|
|