Мол (симбол мол, меѓун.mol) е основна SI-единица за количество супстанца во SI системот. Таа е една од основните единици во овој систем.
Дефиниција
- Според најновата дефиниција на IUIPAC од 2017 година мол, симбол mol, е SI единица за количество супстанца. Еден мол содржи точно 6,022 140 76 × 1023 елементарни единки. Ова е фиксна бројчена вредност на Авогадровата константа, NA, кога ќе се изрази во mol−1 и се нарекува Авогадров број. Количеството супстанца, симбол n, на еден систем е мерка за бројот на специфицирани елементарни единки. Елементарната единка може да е атом, молекула, јон, електрон или било која друга честичка или специфицирана група на честички.[1]
- ↑ Marquardt, Roberto; Meija, Juris; Mester, Zoltán; Towns, Marcy; Weir, Ron; Davis, Richard; Stohner, Jürgen (2018). „Definition of the mole (IUPAC Recommendation 2017)“. Pure and Applied Chemistry. 90(1): 175–180. doi:https://doi.org/10.1515/ci-2018-0220 .