Мишко Крстевски

Мишко Крстевски
Роден(а)21 јули 1963(1963-07-21)(61 г.)
Неготино
ПотеклоМакедонија Македонија
Жанровинародна музика, фолк музика
Занимањафолк пејач
Период на активност1991 - сè уште

Мишко Крстевски (р. Неготино, 21 јули 1963) — македонски фолк пејач на народна музика.

Кариера

Крстевски своите професионални почетоци ги има на "Фолк Фест Валандово" во 1991 година со песната "Колку чини меракот". Потоа настапува на "Цветници" 1993 со "Замене си родена" и 1994 со "Ана Анита". Во 1994 настапува на "Фолк Фест Валандово" со "Љубов моја ранлива" и 1995 со "Нема да те преболам". Тој е редовен учесник и на фестивалите: Фолк Фест Роса, Тетовски фолк фест, Гоце Фест, Тумба фест, Охрид фест, Серенада Битола, Фолк Фест Валандово и други.

Неговата кариера ја одбележаа неколку големи хитови: За таа љубов да наздравиме, Дуњо моја, Запри запри виолино, Ти можеш се, Љубов моја ранлива и Ана Анита.

Во 2021 година прослави 30-години јубилеј на македонска фолк сцена, и по тој повод му излегуваат новите песни Да живее љубовта, Ех да си до мене и Само ти.

Крстевски е добитник на неколку награди, од кои: Во 1994 година, на Валандоно настапува со песната "Љубов моја ранлива", каде победува со прва награда од публика исто и во 1996 година, со "Зошто боже". Во 2023 година настапува на Фолк Фест Валандово со "Ема убава" каде победува на фестивалот со прва награда од жирито.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!