Микологија
Микологија (од грчките зборови: mykes = габа и logos = наука) — биолошка наука за габите , нивната генетика и биохемија , нивната систематика , како и нивната примена кај човекот . Таа често се вбројува како гранка на ботаниката , иако во повеќето свои одлики габите се послични со животните отколку со растенијата . Исто така, микологијата е поврзана со фитопатологијата - науката за заболувањата на растенијата. Првите миколози се Елиас Магнус Фрајс , Кристијан Хендрик Персун , Антон де Бери и Левис Дејвид фон Швајниц .[ 1]
Денес, најпроучувани габи се квасните , поточно еукариотските видови Saccharomyces cerevisiae and Schizosaccharomyces pombe .
Многу габи произведуваат отрови , антибиотици и други вторични метаболити . На пример, космополитскиот род Фузариум и неговите отрови (токсини) предизвикуваат фатални последици кај луѓето. Ова го проучил Абрахам Џоф . Исто така, габите се фундаментални за животот на Земјата како едни од главните симбионти (микориза , инсектни симбионти и лишаи ), како и со нивната способност за разградување на некои органски биомолекули , со која учествуваат во јаглеродниот циклус .
Габите и другите организми традиционално сметани за габи се често економски и општествено важни бидејќи се причина за разни заболувања кај животните и растенијата.
Наводи
Надворешни врски
Професионални организации
Аматерски организации
Други поврзани врски
↑ http://www.dissercat.com/content/monitoring-mikotoksinov-v-kormakh-i-kormovom-syre-i-kliniko-immunologicheskie-osobennosti-mi