Мечкина шепа (латински: Heracleum sphondylium) — вид зелјестаповеќегодишнабилка од родот свински коров (Heracleum) од семејството штитоцветни (Apiaceae). Таа е ретка билка, претежно успева во планинските предели. Името го добила според обликот на лисјата, кои потсетуваат на шепи од мечка. Како џбунеста коровска билка успева и на влажни ливади, покрај потоци, патишта, покрај рабови на шуми. Исклучително е делотворна. Лисјата мирисаат слично на целерот или морковот, и одлични се за зачин за салати и супи.[1]
Својства и состав
Билката содржи аргинин, глутамин, галактен, арабен, холин, стерол, кумарински хетерозиди, масти, белковини, јаглени хидрати, витамин Ц и каротин. Калоричната вредност ѝ е само 50 калории. Оголените лисни дршки можат во вид туршија да се ставаат и во зимници. Стебленцето е шупливо, може да нарасте до 1 метар во висина, има горчлив вкус и мирис сличен на морков и целер. Плодовите се слични на ким, малку се поголеми. Содржат многу етерично масло и се користат како зачин во јадења, супи, во леб и пецива. За јадење се користи и коренот, кој е богат со скроб и шеќер, а се става во супи и варива.[1][2][3]
Како народен лек се препорачува против пролив проследен со грчеви и кај стомачно-цревни непријатности. Облоги со иситнети лисја и корен се ставаат на чиреви на кожата и на места каснати од инсекти. Коренот се препорачува и за лекување на епилепсија.[4]
Распространетост и екологија
Во Европа (освен самиот север), делови на Западна Азија и Северна Африка. Живее во ливади, покрај рабовите на темнозимзелени и широколисни шуми, во шумски чистини, во близина на патишта, на кошулици во среднопланинските и горните планински зони.[5]
Чаеви
Епилепсија
Потопете 12 лажици иситнет корен од мечкина шепа во 4 дл. Млака вода и оставете ги да отстојат осум часа. Потоа процедете го и пијте го во мали голтки во текот на денот.
Импотенција
Една супена лажица од растението се прелева со 2 дл врела вода. Се остава да отстои 30 минути, се поцедува и се пие незасладен во текот на денот.
За подобро варење
Една супена лажица се прелива со 2,5 дл врела вода и се остава чајот да отстои пет минути. Потоа се процедува и се пие двапати дневно по еден филџан, по оброк.
Подвидови
Heracleum sphondylium var. akasimontanum (Koidz.) H. Ohba
Heracleum sphondylium subsp. algeriense (Coss. ex Batt. & Trab.) Dobignard
↑ 1,01,1Никаљевиќ, Зоран (2022-05-12). „Мечкина шепа“. Советите на дедо Зоран. Посетено на 2024-10-29.
↑Stace, C. A. (2019). New Flora of the British Isles (Fourth. изд.). Middlewood Green, Suffolk, U.K.: C & M Floristics. стр. 864. ISBN978-1-5272-2630-2.
↑Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe. ISBN0-340-40170-2
↑Сацыперова И. Ф. Борщевики флоры СССР — новые кормовые растения : перспективы использования в народном хозяйстве / отв. ред. Ал. А. Федоров, Н. Н. Цвелёв. — Л. : Наука, 1984. — 224 с. — 1000 экз. (руски)