Мемерт (германски: Memmert) — мал источнофризиски остров и слободна област во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Островот се наоѓа во близина на северниот брег на Германија, со површина од 5,17 км2.[1] Мемерт се наоѓа југозападно од Јист и источно од Боркум во Источна Фризија.
Островот е ненаселен и на него се наоѓа само една куќа за поддршка на дивиот свет.[2] Понекогаш, некои гости од соседните острови го посетуваат Мемерт. Службено, островот е прогласен за заштитено подрачје.
Име
Значењето на името не е сигурно. На старите карти, островот е означен како „де Мем“ (de Meem). Можно е Мемерт да доаѓа од светецот Мамерт, по кој бил именуван еден брод, кој се насукал на островот.
Галерија
Наводи
Надворешни врски