Машинство или машинско инженерство е инженерска струка. Таа ги спојува инженерската физика и математика со принципи од науката за материјали со цел да дизајнира, анализира, произведе и одржува машински системи. Машинството е една од најстарите и најразновидните инженерски дисциплини.