Марсел Забицер

Марсел Забицер
Лични податоци
Полно име Марсел Забицер[1]
Роден на 17 март 1994(1994-03-17)(30 г.)
Роден во Велс, Австрија
Држава Австрија Австрија
Висина &100000000000000017800001,78 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Број 20
Младинска кариера
ГАК ГАК
Австрија Виена Австрија Виена
Адмира Вакер Адмира Вакер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2011 Адмира Вакер II Адмира Вакер II 34 (15)
2010-2013 Адмира Вакер Адмира Вакер 45 (11)
2013-2014 Рапид Виена Рапид Виена 45 (10)
2014-2021 РБ Лајпциг РБ Лајпциг 177 (40)
2014-2015Салцбург Салцбург 33 (19)
2021-2023 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 40 (2)
2023Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 11 (0)
2023- Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 25 (4)
Репрезентација
2009-2010 Австрија Австрија 16 7 (1)
2010-2011 Австрија Австрија 17 9 (3)
2011 Австрија Австрија 18 2 (0)
2012-2013 Австрија Австрија 19 4 (5)
2012-2013 Австрија Австрија 21 7 (1)
2012- Австрија Австрија 81 (18)
* Ажурирано на: 10 јули 2016
** Ажурирано на: 10 јули 2016

Марсел Забицер (роден на 17 март 1994 во Велс) — австриски фудбалер, играч од средниот ред на Борусија Дортмунд и на австриската репрезентација.

Биографија

Марсел е син на поранешниот австриски фудбалски репрезентативец Херфрид Забицер,[3] а негов братучед е Томас Забицер, кој исто така е фудбалер.[3]

Тој е во врска со Катја Куне, победничка на ТВ шоуто „Der Bachelor“ во 2014 година,[4] со која има една ќерка родена во 2019 година.[4] Двојката стапила во брак во јануари 2020 година.[4][5]

Технички карактеристики

Забицер е сеопфатен играч од средниот ред чија универзалност и тактичка флексибилност му овозможуваат да игра во многу различни улоги, како офанзивен играч за врска, централен играч за врска, десно крило, како лажна деветка и втор напаѓач.[6][7] Неговите квалитети се давањето асистенции за неговите соиграчи и освојувањето на топката од противниците, покрај тоа има добар дриблинг и е опасен и од слободни удари и удари од далечина, а може да делува и како балансер за својот тим со подефанзивни функции.[3][5][8]

Опремен со добра визија за играта, динамика и индивидуална техника, има одлична контрола на топката и е добар во додавања меѓу противничките линии.[3][7][9] Добар во прогресијата, и покрај неговиот не висок раст (177 см), тој е вешт во играта во воздухот бидејќи има висок отскок и добар тајминг за скок.[3] Тој, исто така, знае како да се наметне во дуелите при враќање на топката во посед на неговиот тим, како и секогаш да излегува на теренот со натпреварувачки бес.[3][9] Тој се издвојува и по својата професионалност и карактер кои му овозможуваат да биде лидер.[3][5][6][8][9]

Клупска кариера

Почетоци и младинска кариера

Забицер ја започнал својата кариера во 2000 година во младинските редови на Адмира Вилах, каде неговиот татко работел.[10] Кога неговиот татко се преселил во Матерсбург во Бургенланд следната сезона, Марсел дошол во младинските редови на тогашниот прволигаш ГАК, каде што се развил во еден од најголемите офанзивни таленти на клубот.[10] Од 2005 до 2008 година, Забицер постигнал 49 гола на 63 младински натпревари и ја прослави вицешампионската титула во Штаерската лига со тимот до 15 години. Во 2007 година, тој ја обезбедил и титулата во австриската студентска лига како врвен играч во спортското средно училиште Вејц. Во финалето против БРГ Полгарштрасе ги постигнал првите два гола во победата со 3-0.[11][12]

Во јуни 2008 година, Забицер се преселил во младинскиот тим на новооснованиот клуб Винер Нојштат, но веднаш бил префрлен во FSA/AKA U15, кој тогаш сè уште оперирал во соработка со Австрија Виена.[13] Со FSA потоа станал шампион во ТОТО лигата и бил крунисан за најдобар стрелец на неговиот клуб и трет на листата на најдобри стрелци со 16 гола во 22 натпревари.

За сезоната 2009-2010, офанзивниот играч се преселил во академијата на Адмира Вакер, каде истовремено играл во младинските тимови Б и А. По вкупно 13 гола во 14 настапи за двата млади тима, вклучително и 5 гола во 5 натпревари како петнаесетгодишник за У19 тимот, тој за прв пат бил повикан во вториот тим на Адмира.

Адмира Вакер

Малку по неговиот шеснаесетти роденден, на 26 март 2010 година, тој го направил своето деби за Адмира Вакер II под водството на тренерот Дитмар Кухбауер во победата со 0-2 на гостувањето против Швехат во Регионалната лига Исток. Последователно, тој забележал уште пет настапи без да постигне гол до крајот на сезоната.

Во сезоната 2010-2011, тој бил промовиран како постојан член на вториот тим на Адмира, кој повторно се натпреварувал во регионалната лига, и ја започнал сезоната како постојан стартер. Сепак, не долго потоа, на 14 септември 2010 година, тој го направил своето деби за првиот тим на Адмира што било воедно и негово деби во професионалниот фудбал, играјќи во натпрвевар од втората австриска лига. Шансата да дебитира за Адмира повторно му ја укажал Кухбауер, кој во меѓувреме бил назначен за тренер на првиот тим. Веќе во неговиот втор настап на 24 септември 2010 година, тој го постигнал својот прв гол во победата на гости против Лустенау 07, при што го поставил конечниот резултат 0-3.[14][15] Неговата дебитантска сезона во професионалниот фудбал ја завршил со 8 настапи и 2 гола, помагајќи и на Адмира да го освои првенството и да избори промоција во Бундеслигата, елитната дивизија на австрискиот фудбал.

Својот прв гол во Австриската Бундеслига, Забицер го постигнал на 7 март 2012, во победата на домашен терен над Капфенберг со 3-1. На 19 јули 2012, дебитирал во европските натпреварувања, играјќи во натпреварот против литванскиот Жалгирис во квалификациите за Лига Европа. За Адмира играл до јануари 2013 година, кога го напуштил клубот после вкупно 52 настапи и 11 гола за првиот тим.

Рапид Виена

Забицер со Рапид Виена во 2013.

На почетокот на јануари 2013 година, Забицер потпишал за славниот австриски клуб Рапид Виена.[16] Дебитирал за клубот на 17 февруари во поразот со 1-2 на домашен терен од градскиот ривал Австрија Виена, заменувајќи го Михаел Шимпелсбергер во 64-тата минута. Веќе во својот втор натпревар за Рапид, Забицер го постигнал првиот гол за клубот за да израмни на 3-3 во првата минута од судиското продолжение на гостувањето кај Ред Бул Салцбург, и покрај тоа што и во овој натпревар влегол во игра како замена во второто полувреме.[17] Сезоната ја завршил со 16 настапи во првенството и еден во Купот на Австрија, постигнувајќи притоа три погодоци, сите во првенството.

Следната сезона 2013-2014, била многу важна за развитокот на кариерата на Забицер: тој не само што го задржал своето место во стартната постава кое го изборил кон крајот на претходната сезона, туку успеал да се наметне како еден од најважните играчи на Рапид - кој одиграл одлична сезона завршувајќи на второто место зад шампионот Ред Бул Салцбург - и бил едно од откритијата на сезоната во австриското првенство кое го завршил со 29 настапи и 7 гола. Покрај тоа, во текот на сезоната тој со клубот играл и европски натпревари во Лигата на Европа, каде исто така го постигнал својот прв гол на 24 октомври 2013, во ремито 1-1 на гостувањето кај Генк во групната фаза. Со одличната сезона на личен план тој го привлекол вниманието на голем број клубови од странство.

Салцбург

Забицер во дресот на Ред Бул Салцбург во натпревар против неговиот поранешен тим Адмира.

Пред почетокот на сезоната 2014-2015, Забицер потпишал за германскиот второлигаш РБ Лајпциг.[18] Откако потпишал договор до 30 јуни 2018 година, тој се вратил во Австрија бидејќи бил позајмен на една сезона на Ред Бул Салцбург, клуб кој исто така е управуван од страна на компанијата Ред Бул.

На првиот првенствен натпревар за Салцбург тој забележал асистенција за еден од головите, а веќе во вториот за првпат погодил за „црвените бикови“. По овој погодок тој додал уште 18 голови и 15 асистенции во Бундеслигата, додека вкупно, во сите натпреварувања, имал 27 гола и 21 асистенција. Со тоа, тогаш 20-годишниот Забицер, кој најчесто бил користен како офанзивен играч од средниот ред или центарфор, сезоната ја завршил како втор најефикасен играч на тимот зад шпанецот Џонатан Сориано (кој имал 46 гола).[19] Заедно, двајцата играчи на крајот од сезоната го одвеле својот тим до титулата во австриското првенство и во националниот куп. Во второто, Забицер, Сориано и нивниот соиграч Алан биле прогласени за најдобри стрелци во натпреварувањето со по седум гола.

РБ Лајпциг

После одличната сезона во Салцбург, во летото 2015 Забицер се вратил во РБ Лајпциг, со цел да му помогне на амбициозниот германски второлигаш да избори промоција во Бундеслигата.[20] Со зборовите „веројатно не сум толку добар како што мислев, инаку немаше да играм во германската Втора Бундеслига“, играчот ги оценил сопствените настапи во контекст на овој трансфер.[21] Во неговата прва година со клубот, тој постигнал промоција во Првата Бундеслига, за прв пат во историјата на клубот, после освојувањето на второто место за кое тој придонел со осум гола и пет асистенции во 32 натпревари. Забицер главно делувал како офанзивен играч од средниот ред играјќи за напаѓачот, позиција која била окупирана од Јусуф Поулсен или од Дави Зелке, и го постигнал единствениот гол во првиот натпревар на клубот за сезоната, победата со 0-1 на гостувањето кај ФШФ Франкфурт. Во втората половина од сезоната, против истиот противник во натпревар кој завршил 3-1 за Лајпциг, австриецот бил директно вклучен во сите три гола на својата екипа (постигнал два и асистирал за третиот). Конечно, на крајот од сезоната бил прогласен за најдобар играч во Втората Бундеслига од страна на магазинот kicker.[22]

Забицер со Лајпциг во летото 2016

Следната сезона, на клупата на Лајпциг дошол неговиот сонародник Ралф Хазенхутл, кој го наследил Рангник на функцијата. Тој формирал нова двојка во нападот на Лајпциг за дебитантската сезона на клубот во Првата Бундеслига, составена од Поулсен и новото засилување Тимо Вернер. Играјќи со два класични напаѓачи, Хазенхутл се одлучил да не игра со втор напаѓач или офанзивен играч за врска, па така го префрлил Забицер на позицијата десно крило, каде што сега главно играл. Статистички гледано, неговиот офанзивен учинок останал константен, а на крајот од сезоната повторно постигнал 8 гола. На 29 октомври 2016, тој го решил натпреварот против Дармштат кој завршил 2-0, со неговите два гола во второто полувреме. Во последните пет првенствени натпревари, Лајпциг трипати ремизирале, еднаш загубиле и ја победиле Херта со 4-1, но сепак по одигрувањето на 34-тото коло, тие изненадувачки завршиле на второто место зад шампионот Бајерн Минхен.

Во сезоната 2017-2018, Забицер пропуштил неколку натпревари поради две повреди на рамото, но освен тоа во третата година бил редовен стартер за Лајпциг. Во Лигата на шампиони, Сабицер наместил гол во три последователни натпревари, но не постигнал ниту еден гол во шестте натпревари во групата. Дебитантската сезона на клубот во елитното европско натпреварување завршила на третото место во групата Г, поради што РБ Лајпциг потоа продолжил да игра во Лигата на Европа. Овде стигнале до четвртфиналето, каде биле елиминирани од подоцнежниот финалист Олимпик Марсеј. Не можејќи да смета на услугите на Забицер за последните пет првенствени натпревари, во кој Лајпциг забележал само две победи, клубот ја завршил сезоната на шесттото место со два бода помалку од ФК Хофенхајм 1899 и Борусија Дортмунд не успевајќи да се врати во Лигата на шампионите за наредната сезона. И покрај проблемите со повреди, Забицер за првпат бил прогласен за Австриски фудбалер на годината, заменувајќи го рекордниот победник Давид Алаба, кој претходно шест пати по ред победил во изборот за оваа награда.[23] Во април 2018 година, тој го продолжил договорот со РБ Лајпциг до 2022 година.[24]

Во летото 2018, дошло до нова промена на тренерската клупа во Лајпциг; Хазенхутл заминал за да му ја отстапи позицијата на повратникот Ралф Рангник, за кого Забицер рекол „Рангник секогаш ме поддржуваше. Кога во 2015 година стана тренер на РБ Лајпциг во втората лига, привлечноста да дојдам во клубот беше уште поголема. Тој има многу високо мислење за мене. Му верувам дека ќе ми даде корисни совети“.[25] Во сезоната 2018-2019, Забицер играл претежно зад главниот напаѓач. Во втората половина од сезоната, австриецот бил дел од дијамантот во средниот ред заедно со Емил Форсберг и Кевин Кампл. На 25 мај 2019, тој го започнал финалето на Купот на Германија, загубено со 3-0 од Бајерн Минхен.

Забицер со Лајпциг во натпревар од Лигата на шампионите во октомври 2019

Сезоната 2019-2020 започнала добро за Забицер; во победата со 4-0 над новопромовираниот Унион Берлин, тој им асистирал на соиграчите за три од головите и еднаш самиот ја затресол противничката мрежа. Во првата половина од сезоната, тој реализирал уште седум гола и бил еден од најефикасните офанзивни играчи на Лајпциг. За време на зимската пауза, капитенот Диего Деме го напуштил Лајпциг и се преселил во Наполи, по што Забицер ја наследил капитенската лента на тимот на привремена основа. Подоцна, тој бил избран и за постојан капитен.[26] Забицер кој најчесто бил крилен напаѓач под водството на Рагник, добил наредба да се врати во средниот ред во втората половина од сезоната од страна на новиот тренер Јулијан Нагелсман, кој го презел тимот од Рангник во летото 2019 година.[21] Нагелсман го пофалил Забицер велејќи: „тој има фундаментално значење бидејќи секогаш игра добро и е целосно стабилен а како силни страни во играта ги издвоил „тактичка интелигенција и постојаноста“.[21] Со најефективната сезона (9 гола и 8 асистенции) од неговото пристигање во Лајпциг, Забицер му помогнал на клубот да го освои третото место во лигата зад Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд. Тој имал важна улога и во одличната кампања на клубот во Лигата на шампионите, каде капитенот на Лајпциг постигнал два гола во групната фаза, и асистирал за уште два што овој пат било доволно неговиот тим да успее да се пласира во нокаут фазата. Таму, тие најпрво го елиминирале англискиот Тотенхем со две победи 1-0 во гости и 3-0 во реваншот на Ред Бул Арена. Забицер постигнал два гола во победата со 3-0 и му помогнал на клубот да стигне до полуфиналето каде завршила нивната авантура со поразот од Париз Сен Жермен.

Ниту во својата последна сезона во Лајпциг, Забицер уште еднаш не успеал да освои титула со клубот. Во финалето на националниот куп загубиле од Борусија Дортмунд со 1-4, во Бундес лигата биле втори зад Бајерн, додека во Лигата на шампионите, биле елиминирани во осминафиналето од Ливерпул по два натпревари кои завршиле со идентични 0-2 во корист на англичаните.

Својот последен 229-ти (моментално е седми играч со најмногу настапи за клубот) натпревар во дресот на Лајпциг го одиграл на почетокот на сезоната 2021-2022, на 15 август 2021, во победата со 4-0 на домашен терен над Штутгарт. Освен по бројот на настапи, тој се наоѓа во топ 10 и на листата на играчи со најмногу постигнати голови за Лајпциг, со вкупно 52.

Бајерн Минхен

На 30 август 2021 година, Забицер го напуштил Лајпциг после шест години и потпишал четиригодишен договор со тогашниот германски шампион Бајерн Минхен, кој за неговиот трансфер платил сума од 16 милиони евра.[27][28] Така, во Минхен тој им се приклучил на неговиот соиграч од Лајпциг, Дајо Упамекано, и на тренерот Нагелсман кој веќе претходно потпишале за Бајерн. Дебитирал во дресот на Бајерн токму против клубот од кој што дошол, Лајпциг, на 11 септември во победата со 4-1 на Ред Бул Арена, влегувајќи како замена за последниот половина час на местото на Леон Горецка. Три дена подоцна, повторно влегувајќи од клупата дебитирал за Бајерн во Лигата на шампионите, во победата со 3-0 на гостувањето во Шпанија кај Барселона. На 2 април 2022 година, тој го постигнал својот прв гол за баварците во победата со 4–1 на гости над Фрајбург.[29] На крајот на сезоната, Забицер ја освоил својата прва титула во Бундеслигата, десетта по ред за клубот почнувајќи од 2013 година, за која придонел со еден гол и една асистенција во 27 настапи, но главно влегувајќи од клупата за резерви бидејќи Нагелсман на неговата позиција главно се потпирал на Горецка во поголемиот дел од времето. Дури кога Горецка бил надвор од теренот поради повреда на колкот во периодот помеѓу декември 2021 и април 2022 година, тренерот наместо него ги избирал Корентан Толисо или дури 17-годишниот Џамал ​​Мусиала, кој бил повеќе офанзивен играч.[30]

Забицер (десно) во дресот на Бајерн Минхен играјќи против неговиот поранешен клуб Лајпциг, во Суперкупот на Германија 2022

Откако Горецка повторно бил надвор од теренот на почетокот на следната сезона, овојпат поради операција на коленото, Забицер добил неколку натпревари во почетната постава, вклучително и целиот натпревар во Суперкупот на Германија кој Бајерн го освоил со победата од 3-5 над Лајпциг. Сепак, по враќањето на Горецка, тој одново се преселил на клупата додека средниот ред на Бајерн бил составен од тројката Кимих, Горецка и Мусиала. Откако повторно како минатата сезона се нашол во улога на резерва, австриецот го изразил своето незадоволство и желба да замине од Минхен веќе во текот на зимскиот преоден рок. На 16 октомври, го постигнал својот втор гол за Бајерн повторно против Фрајбург во победата со 5-0 на Алијанц Арена.

Позајмицата во Манчестер Јунајтед

На 1 февруари 2023 година, Забицер дошол во Манчестер Јунајтед на позајмица до крајот на сезоната.[31] Своето деби за црвените ѓаволи го направил три дена подоцна, влегувајќи како замена во првенствената победа против Кристал Палас, со што станал првиот Австриец кој некогаш заиграл за клубот.[32] На 26 февруари, Забицер го освоил својот Лига купот, неговиот прв трофеј со Манчестер Јунајтед, влегувајќи како замена во финалето во кое го совладале Њукасл Јунајтед со 2-0.[33] Својот прв гол за клубот го постигнал во четвртфиналето на ФА Купот против Фулам кое завршило 3–1 за Јунајтед.[34] На 13 април, тој ги постигнал двата гола за својата екипа во ремито 2–2 против Севиља во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на Европа.[35] На 15 мај, Манчестер Јунајтед објавил дека Забицер ќе биде отсутен до крајот на сезоната откако доживеал повреда на менискусот.[36] На 30 јуни, Манчестер Јунајтед објавиле дека Забицер ќе си замине од клубот по завршувањето на позајмицата.[37]

Борусија Дортмунд

Забицер со Борусија Дортмунд во 2023

На 24 јули 2023, Забицер потпишал четиригодишен договор со Борусија Дортмунд.[38][39] На 12 август, тој го постигнал својот прв гол, во победата на гости со 6–1 над нисколигашот Шот Мајнц во Купот на Германија.[40] Како наследник на заминатиот офанзивен играч за врска Џуд Белингам, Забицер бил во почетниот состав на Борусија Дортмунд во 16 од 19 натпревари до зимската пауза. Сепак, нешто подоцна во текот на сезоната тој започнал да делува во подефанзивна улога, како еден од двајцата играчи пред одбранбената четворка совладувајќи ја конкуренцијата за тоа место во лицето на уште еден новајлија, Феликс Нмеча. Тој останал стандарден и во вториот дел од сезоната како во натпреварите од Бундеслигата, така и во Лигата на шампионите; во контекст на ова на 16 април 2024 година, Забицер регистирал две асистенции и постигнал гол во победата со 4–2 над Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, со што му помогнал на својот клуб да мине натаму со вкупен резултат 5-4 и да се квалификува за полуфиналето на натпреварувањето за првпат од сезоната 2012–2013.[41] Конечно, откако милионерите се пласирале во големото финале на Вембли, совладувајќи го Париз Сен Жермен во полуфиналето, Забицер го започнал и ги одиграл комплетните 90 минути во финалето во кое Борусија била поразена од Реал Мадрид со 0-2.[42]

Репрезентативна кариера

Забицер играл речиси за сите младински селекции на Австрија: под 16, под 17, под 18, под 19 и под 21 година.[43]

Својот прв повик во сениорската репрезентација го добил во 2012 година, а дебитирал на 5 јуни 2012, на 18 годишна возраст, во пријателски натпревар против Романија што завршил без голови 0-0.[44] Првиот гол за репрезентацијата го постигнал во својот петти натпревар, против Исланд во Инсбрук во уште една пријателска средба одиграна на 30 мај 2014, која завршила 1-1.

Откако ги одиграл повеќето натпревари во квалификациите за Европското првенство 2016, кои Австрија успешно ги одработила квалификувајќи се за завршниот турнир во Франција, Забицер бил повикан во селекцијата за неговото прво големо натпреварување. Дебитирал на првенството во првиот натпревар од групата против Унгарија (пораз со 0-2), влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Златко Јунузовиќ. Во следните два натпревари играл од првата минута, но Австрија била елиминирана уште во групната фаза, завршувајќи со само еден освоен бод.

Тој бил во составот на Австрија и на следното Европско првенство во 2020 година; ги одиграл сите четири натпревари на неговата земја, до елиминацијата од подоцнежниот шампион Италија во осминафиналето по продолженија.

На 13 јуни 2022, Забицер за првпат ја носел капитенската лента на Австрија, во поразот со 2-0 од Данска во Копенхаген во натпревар од УЕФА Лигата на нации 2022-2023.

Во јуни 2024 година, бил повикан од неговиот поранешен тренер во Лајпциг а сегашен селектор на Австрија, Ралф Рагник, да игра на неговото трето Европско првенство во Германија 2024. На 25 јуни 2024 година, за време на последниот натпревар од групата, Забицер го постигнал решавачкиот погодок во победата со 3–2 над Холандија, обезбедувајќи и го на неговата земја првото место во групата пред Франција и Холандија.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Австрија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
5-6-2012 Инсбрук Австрија Австрија 0 – 0 Романија Романија Пријателска - влегол во игра 65'
6-9-2013 Минхен Германија Германија 3 – 0 Австрија Австрија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 68'
15-10-2013 Торшавн Фарски Острови Фарски Острови 0 – 3 Австрија Австрија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 71'
5-3-2014 Клагенфурт ам Вертерзе Австрија Австрија 1 – 1 Уругвај Уругвај Пријателска - влегол во игра 81'
30-5-2014 Инсбрук Австрија Австрија 1 – 1 Исланд Исланд Пријателска 1 заменет 88'
3-6-2014 Оломуц Чешка Чешка 1 – 2 Австрија Австрија Пријателска 1 заменет 85'
9-10-2014 Кишињев Молдавија Молдавија 1 – 2 Австрија Австрија Квал. за Евро 2016 -
15-11-2014 Виена Австрија Австрија 1 – 0 Русија Русија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 90+2'
18-11-2014 Виена Австрија Австрија 1 – 2 Бразил Бразил Пријателска - влегол во игра 54'
27-3-2015 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 5 Австрија Австрија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 73'
31-3-2015 Виена Австрија Австрија 1 – 1 Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Пријателска - заменет 89'
14-6-2015 Москва Русија Русија 0 – 1 Австрија Австрија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 65'
8-9-2015 Солна Шведска Шведска 1 – 4 Австрија Австрија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 80'
9-10-2015 Подгорица Црна Гора Црна Гора 2 – 3 Австрија Австрија Квал. за Евро 2016 1 влегол во игра 83'
12-10-2015 Виена Австрија Австрија 3 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 56'
17-11-2015 Виена Австрија Австрија 1 – 2 Швајцарија Швајцарија Пријателска - заменет 46'
31-5-2016 Клагенфурт ам Вертерзе Австрија Австрија 2 – 1 Малта Малта Пријателска - влегол во игра 46'
4-6-2016 Виена Австрија Австрија 0 – 2 Холандија Холандија Пријателска - заменет 82'
14-6-2016 Бордо Австрија Австрија 0 – 2 Унгарија Унгарија Евро 2016 - Прва фаза - влегол во игра 80'
18-6-2016 Париз Португалија Португалија 0 – 0 Австрија Австрија Евро 2016 - Прва фаза - заменет 85'
22-6-2016 Сен Дени Исланд Исланд 2 – 1 Австрија Австрија Евро 2016 - Прва фаза - влегол во игра 57'
5-9-2016 Тбилиси Грузија Грузија 1 – 2 Австрија Австрија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 72'
6-10-2016 Виена Австрија Австрија 2 – 2 Велс Велс Квал. за СП 2018 -
9-10-2016 Белград Србија Србија 3 – 2 Австрија Австрија Квал. за СП 2018 1
12-11-2016 Виена Австрија Австрија 0 – 1 Ирска Ирска Квал. за СП 2018 - заменет 87'
24-3-2017 Виена Австрија Австрија 2 – 0 Молдавија Молдавија Квал. за СП 2018 -
28-3-2017 Инсбрук Австрија Австрија 1 – 1 Финска Финска Пријателска - заменет 46'
2-9-2017 Кардиф Велс Велс 1 – 0 Австрија Австрија Квал. за СП 2018 - заменет 79'
14-11-2017 Виена Австрија Австрија 2 – 1 Уругвај Уругвај Пријателска 1 заменет 90'
6-9-2018 Виена Австрија Австрија 2 – 0 Шведска Шведска Пријателска - влегол во игра 65'
11-9-2018 Зеница Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 1 – 0 Австрија Австрија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 72'
12-10-2018 Виена Австрија Австрија 1 – 0 Северна Ирска Северна Ирска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - заменет 75'
16-10-2018 Хернинг Данска Данска 2 – 0 Австрија Австрија Пријателска - заменет 46'
21-3-2019 Виена Австрија Австрија 0 – 1 Полска Полска Квал. за Евро 2020 -
24-3-2019 Хаифа Израел Израел 4 – 2 Австрија Австрија Квал. за Евро 2020 -
7-6-2019 Виена Австрија Австрија 1 – 0 Словенија Словенија Квал. за Евро 2020 - заменет 71'
10-6-2019 Скопје Македонија Македонија 1 – 4 Австрија Австрија Квал. за СП 2020 - заменет 90+2'
6-9-2019 Салцбург Австрија Австрија 6 – 0 Латвија Латвија Квал. за СП 2020 1
9-9-2019 Варшава Полска Полска 0 – 0 Австрија Австрија Квал. за Евро 2020 -
10-10-2019 Виена Австрија Австрија 3 – 1 Израел Израел Квал. за Евро 2020 1 заменет 82'
13-10-2019 Љубљана Словенија Словенија 0 – 1 Австрија Австрија Квал. за Евро 2020 - заменет 90'
16-11-2019 Виена Австрија Австрија 2 – 1 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 -
4-9-2020 Осло Норвешка Норвешка 1 – 2 Австрија Австрија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1
7-9-2020 Виена Австрија Австрија 2 – 3 Романија Романија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
15-11-2020 Виена Австрија Австрија 2 – 1 Северна Ирска Северна Ирска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - добил жолт картон во 45-тата минута 45'
18-11-2020 Виена Австрија Австрија 1 – 1 Норвешка Норвешка УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
28-3-2021 Виена Австрија Австрија 3 – 1 Фарски Острови Фарски Острови Квал. за СП 2022 -
31-3-2021 Виена Австрија Австрија 0 – 4 Данска Данска Квал. за СП 2022 -
2-6-2021 Мидлсбро Англија Англија 1 – 0 Австрија Австрија Пријателска -
6-6-2021 Виена Австрија Австрија 0 – 0 Словачка Словачка Пријателска - заменет 63'
13-6-2021 Букурешт Австрија Австрија 3 – 1 Македонија Македонија Евро 2020 - Прва фаза -
17-6-2021 Амстердам Холандија Холандија 2 – 0 Австрија Австрија Евро 2020 - Прва фаза -
21-6-2021 Букурешт Украина Украина 0 – 1 Австрија Австрија Евро 2020 - Прва фаза -
26-6-2021 Лондон Италија Италија 2 – 1 прод. Австрија Австрија Евро 2020 - Осминафинале -
9-10-2021 Торшавн Фарски Острови Фарски Острови 0 – 2 Австрија Австрија Квал. за СП 2022 1
12-10-2021 Копенхаген Данска Данска 1 – 0 Австрија Австрија Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 90+1-тата минута 90+1'
12-11-2021 Клагенфурт ам Вертерзе Австрија Австрија 4 – 2 Израел Израел Квал. за СП 2022 1
15-11-2021 Клагенфурт ам Вертерзе Австрија Австрија 4 – 1 Молдавија Молдавија Квал. за СП 2022 -
24-3-2022 Кардиф Велс Велс 2 – 1 Австрија Австрија Квал. за СП 2022 1
29-3-2022 Виена Австрија Австрија 2 – 2 Шкотска Шкотска Пријателска -
3-6-2022 Осиек Хрватска Хрватска 0 – 3 Австрија Австрија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза 1
6-6-2022 Виена Австрија Австрија 1 – 2 Данска Данска УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 46'
10-6-2022 Виена Австрија Австрија 1 – 1 Франција Франција УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -
13-6-2022 Копенхаген Данска Данска 2 – 0 Австрија Австрија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -
22-9-2022 Сен Дени Франција Франција 2 – 0 Австрија Австрија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - заменет 69'
25-9-2022 Виена Австрија Австрија 1 – 3 Хрватска Хрватска УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - добил жолт картон во 53-тата минута 53'
16-11-2022 Малага Андора Андора 0 – 1 Австрија Австрија Пријателска -
20-11-2022 Виена Австрија Австрија 2 – 0 Италија Италија Пријателска -
24-3-2023 Линц Австрија Австрија 4 – 1 Азербејџан Азербејџан Квал. за Евро 2024 2 заменет 74'
17-6-2023 Брисел Белгија Белгија 1 – 1 Австрија Австрија Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 60'
20-6-2023 Виена Австрија Австрија 2 – 0 Шведска Шведска Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 59'
7-9-2023 Линц Австрија Австрија 1 – 1 Молдавија Молдавија Пријателска - влегол во игра 62' добил жолт картон во 90+5-тата минута 90+5'
12-9-2023 Солна Шведска Шведска 1 – 3 Австрија Австрија Квал. за Евро 2024 -
13-10-2023 Виена Австрија Австрија 2 – 3 Белгија Белгија Квал. за Евро 2024 1 влегол во игра 79'
16-10-2023 Баку Азербејџан Азербејџан 0 – 1 Австрија Австрија Квал. за Евро 2024 1 влегол во игра 46' добил жолт картон во 90+3-тата минута 90+3'
16-11-2023 Талин Естонија Естонија 0 – 2 Австрија Австрија Квал. за Евро 2024 - заменет 89'
21-11-2023 Виена Австрија Австрија 2 – 0 Германија Германија Пријателска 1 заменет 89'
23-3-2024 Братислава Словачка Словачка 0 – 2 Австрија Австрија Пријателска -
17-6-2024 Диселдорф Австрија Австрија 0 – 1 Франција Франција Евро 2024 - Прва фаза -
21-6-2024 Берлин Полска Полска 1 – 3 Австрија Австрија Евро 2024 - Прва фаза -
25-6-2024 Берлин Холандија Холандија 2 – 3 Австрија Австрија Евро 2024 - Прва фаза 1
Вкупно Настапи 81 Голови 18

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 18 мај 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2010-2011 Австрија Адмира Вакер 8 2 КА 1 0 - - - - - - 9 2
2011-2012 БЛ 20 5 КА 2 0 - - - - - - 22 5
2012-јан. 2013 БЛ 17 3 КА 2 0 ЛЕ 4[45] 0 - - - 23 3
Вкупно Адмира Вакер 45 10 5 0 4 0 - - 54 10
јан.-јун. 2013 Австрија Рапид Виена БЛ 16 3 КА 1 0 - - - - - - 17 3
2013-2014 БЛ 29 7 КА 1 0 ЛЕ 10[46] 2 - - - 40 9
Вкупно Рапид Виена 45 10 2 0 10 2 - - 57 12
2014-2015 Австрија Салцбург БЛ 33 19 КА 6 7 ЛШ+ЛЕ 4[45]+8 0+1 - - - 51 27
2015-2016 Германија РБ Лајпциг 32 8 КГ 2 0 - - - - - - 34 8
2016-2017 БЛ 32 8 КГ 1 1 - - - - - - 33 9
2017-2018 БЛ 22 3 КГ 2 2 ЛШ+ЛЕ 5+5 0+0 - - - 34 5
2018-2019 БЛ 30 4 КГ 5 0 ЛЕ 8[47] 1[45] - - - 43 5
2019-2020 БЛ 32 9 КГ 3 3 ЛШ 9 4 - - - 44 16
2020-2021 БЛ 27 8 КГ 5 1 ЛШ 7 0 - - - 41 9
авг. 2021 БЛ 2 0 КГ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 2 0
Вкупно РБ Лајпциг 177 40 18 7 34 5 - - 229 52
2021-2022 Германија Бајерн Минхен БЛ 25 1 КГ 0 0 ЛШ 5 0 СГ - - 30 1
2022-јан. 2023 БЛ 15 1 КГ 2 0 ЛШ 6 0 СГ 1 0 24 1
Вкупно Бајерн Минхен 40 2 2 0 14 0 1 0 54 2
јан.-јун. 2023 Англија Манчестер Јунајтед ПЛ 11 0 ФАКуп+ЛК 3+1 1+0 ЛЕ 3 2 - - - 18 3
2023-2024 Германија Борусија Дортмунд БЛ 25 4 КГ 3 1 ЛШ 11 1 - - - 39 6
Вкупно во кариерата 372 87 40 15 85 9 1 2 532 112

Репрезентативна статистика

Обновено на на 25 јуни 2024[48]
Репрезентација Година Настапи Голови
Австрија Австрија 2012 1 0
2013 2 0
2014 6 2
2015 7 1
2016 9 1
2017 4 1
2018 4 0
2019 9 2
2020 4 1
2021 12 2
2022 10 2
2023 9 5
2024 4 1
Total 81 18

Хет-трикови

Титули

Клупски

Австрија Адмира Вакер

2010-2011

Австрија Ред Бул Салцбург

2014-2015
2014-2015

Германија Бајерн Минхен

2021-2022
2022

Англија Манчестер Јунајтед

2022-2023

Наводи

  1. „Updated Premier League squad lists for 2022/23“. Premier League. 2 February 2023. Посетено на 2 February 2023.
  2. „Marcel Sabitzer“. Borussia Dortmund. Посетено на 15 August 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Sabitzer è l'anima del Red Bull Lipsia“. 2018-03-21. Посетено на 2021-05-11.
  4. 4,0 4,1 4,2 „RB-Star Sabitzer heiratet seine Bachelor-Gewinnerin“ (германски). 2 јануари 2020.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Leipzigs Sabitzer sieht Kapitänswürde als Anerkennung“ (германски). Архивирано од изворникот на 13 мај 2021. Посетено на 2021-05-13. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  6. 6,0 6,1 „Roma, Mourinho pazzo per Sabitzer. E lui prepara l'addio al Lipsia“. Посетено на 2021-05-11.
  7. 7,0 7,1 „Marcel Sabitzer, l'antieroe austriaco“. Посетено на 2021-07-09.
  8. 8,0 8,1 „Marcel Sabitzer: Who is RB Leipzig's Tottenham Hotspur-slaying midfielder with shades of David Beckham?“ (англиски). Посетено на 2021-05-11.
  9. 9,0 9,1 9,2 „Marcel Sabitzer – Der will nur siegen“ (германски). Посетено на 2021-05-13.
  10. 10,0 10,1 Marcel Sabitzer: Frau, Kind und purer Ehrgeiz – so tickt der Neuzugang des FC Bayern privat, abendzeitung-muenchen.de, abgerufen am 3. September 2021.
  11. „Kapitän Marcel Sabitzer schießt SHS Weiz vor 3.000 Zuschauer zum Premierensieg“. Архивирано од изворникот на 2017-09-06. Посетено на 2024-06-26. Занемарен непознатиот параметар |archiv-bot= (help); Занемарен непознатиот параметар |wayback= (help) oefb.at, abgerufen am 26. September 2010.
  12. SHS Weiz ist neuer Schülerliga-Meister news.at, abgerufen am 26. September 2010.
  13. „Unsere Erfolgreiche FSA Magna U-15“ (PDF). 2018-08. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-08. Посетено на 2024-06-26. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) scmagna.at, abgerufen am 26. September 2010.
  14. Admira schon 18 Partien ungeschlagen! Архивирано на 7 јули 2022 г.. 2019-09 http://www.trenkwalder-admira.com/saison/meisterschaft.fc_lustenau_1907-trenkwalder_admira.178. Занемарен непознатиот параметар |archivebot= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Отсутно или празно |title= (help)[мртва врска] trenkwalder-admira.com, abgerufen am 26. September 2010.
  15. Kühbauer schon 18 Partien ungeschlagen sport.orf.at, abgerufen am 26. September 2010.
  16. skrapid.com: Marcel Sabitzer ist Rapidler, 4. Jänner 2013, abgerufen am 4. Jänner 2013.
  17. „True test of character for Rapid: incredible game ends 3:3“. Rapid Wien. 27 февруари 2013. Посетено на 27 јуни 2024.
  18. „NEUVERPFLICHTUNG: NATIONALSPIELER MARCEL SABITZER WIRD EIN ROTER BULLE!“. dierotenbullen.com (германски). RB Leipzig. 1 June 2014. Архивирано од изворникот на 1 June 2014. Посетено на 2 June 2014.
  19. Leistungsdaten RB Salzburg Saison 2014/15, transfermarkt.de, abgerufen am 30. Juli 2023.
  20. Marcel Sabitzer stürmt für RB Leipzig kicker.de, abgerufen am 28. Juni 2015.
  21. 21,0 21,1 21,2 Marcel Sabitzer – Der will nur siegen, redbull.com, abgerufen am 25. Juli 2023.
  22. Dosenöffner Sabitzer trifft doppelt, kicker.de, abgerufen am 25. Juli 2023.
  23. „Steirer gewinnt APA-Trainerwahl“. ORF. 2017-12-20. Посетено на 2017-12-20.
  24. „Marcel Sabitzer verlängert in Leipzig“. Посетено на 2018-04-11.
  25. Marcel Sabitzer von RB Leipzig im Exklusiv-Interview: „Mehr Breite im Kader wäre hilfreich“, eurosport.de, abgerufen am 25. Juli 2023.
  26. Marcel Sabitzer zum Mannschaftskapitän gewählt dierotenbullen.com, abgerufen am 30. August 2020.
  27. „Bayern agree deal to sign RB Leipzig captain Marcel Sabitzer“. Bulinews.com. 29 August 2021. Посетено на 29 August 2021.
  28. „Bayern Munich confirm signing of Sabitzer from RB Leipzig in €16m deal until 2025“. www.msn.com. Посетено на 30 August 2021.
  29. „SC Freiburg 1–4 Bayern Munich“. BBC Sport. 2 April 2022.
  30. Sabitzer lehnt wohl Rückkehr zum FC Bayern ab: Millionen-Ablöse winkt, tz.de, abgerufen am 9. Februar 2023.
  31. „United sign Sabitzer on loan from Bayern Munich“. ManUtd.com. Manchester United. 1 February 2023. Посетено на 1 February 2023.
  32. Stone, Simon (4 February 2023). „Manchester United 2-1 Crystal Palace: Marcus Rashford helps hosts to 13th straight home win“. BBC Sport. Посетено на 4 February 2023.
  33. McNulty, Phil (26 February 2023). „Manchester United 2–0 Newcastle United“. BBC Sport. Посетено на 26 February 2023.
  34. Stone, Simon (19 March 2023). „Manchester United 3-1 Fulham: Bruno Fernandes double seals comeback against nine-man Cottagers“. BBC Sport. Посетено на 19 March 2023.
  35. „Manchester United 2-2 Sevilla: Harry Maguire and Tyrell Malacia own goals transform Europa League quarter-final“. Sky Sports. 14 April 2023. Посетено на 20 April 2023.
  36. Marshall, Adam (15 May 2023). „SABITZER OUT FOR REST OF THE SEASON“. Manchester United. Посетено на 15 May 2023.
  37. „Squad update“. www.manutd.com (англиски). Посетено на 2023-06-30.
  38. „BVB sign Marcel Sabitzer“. Borussia Dortmund (англиски). 2023-07-25. Архивирано од изворникот на 2023-07-26. Посетено на 2023-07-26.
  39. „Marcel Sabitzer: Midfielder joins Borussia Dortmund from Bayern Munich“. BBC Sport. 24 July 2023. Посетено на 24 July 2023.
  40. „BVB-Neuzugang Sabitzer mahnt nach 6:1 im DFB-Pokal „Das darf uns nicht passieren". Ruhr Nachrichten (германски). 12 August 2023.
  41. Liew, Jonathan (16 April 2024). „Borussia Dortmund's Sabitzer sinks Atlético Madrid in seesaw thriller“. The Guardian.
  42. Pettit, Mark (1 June 2024). „Real Madrid win Champions League: Carvajal and Vinícius Júnior see off Dortmund“. UEFA. Архивирано од изворникот 2 June 2024. Посетено на 2 June 2024.
  43. „M. Sabitzer“. besoccer.com. Посетено на 31 January 2023.
  44. „National football team player Marcel Sabitzer“. eu-football.info. Посетено на 31 January 2023.
  45. 45,0 45,1 45,2 Во квалификациските кола
  46. Два настапи во квалификациските кола.
  47. Три настапи во квалификациските кола
  48. „Marcel Sabitzer“. National Football Teams. Посетено на 28 June 2023.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!