Марко Пиноти

Марко Пиноти
Пиноти прославувајќи ја победата по завршниот хронометар на Џиро д’Италија 2012
Лични податоци
Цело имеМарко Пиноти
ПрекарL'Ingegnere (Инженер)
Роден25 февруари 1976(1976-02-25)(48 г.)
Осио Сото, Ломбардија, Италија
Висина1,77 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
1998 Полти (тренинг)
Професионални клубови
1999–2004
2005–2006
2007–2011
2012–2013
Лампре-Даикин
Соние Дувал-Продир
Т-Мобајл Тим
Аксент.џобс-Вилемс Веранда
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
2 поединечни етапи (2008, 2012) + 2 TTT (2009, 2011)

Етапни трки

Трка околу Ирска (2008)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2005, 2007, 2008, 2009, 2010, 2013)
Последна промена
16 јануари 2014

Марко Пиноти (италијански: Marco Pinotti; р. 25 февруари 1976 во Осио Сото, Ломбардија) — поранешен италијански професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално помеѓу 1999 и 2013.[1] Пиноти е специјалист за поединечен хронометар, во кој тој бил шесткратен италијански хронометарски првак (2005, 2007, 2008, 2009, 2010, 2013).

Кариера

Како аматер тој освоил 28 трки и станал професионалец во 1999 со екипата Лампре-Даикин. Тој го освоил ГП Европа во 1999 со неговиот колега Раивис Белохвошчикс и петтата етапа на Трка околу Полска 2000.

Во 2001 завршил втор на етапата 15 на Тур де Франс зад Белгиецот Рик Вербруге. Тој имал операцијата на неговата лактна коска во ноември 2001 и повторно започнал да тренира во февруари 2002. Се вратил на натпреварувања во април 2002.

Сезоната 2003 му донела некои победи, освојувајќи етапата 4 на Вуелта ал Паис Васко и планинскиот пласман. На Биси Васка доживеал несреќа и ја скршил неговата карлица, принудувајќи го на одмор. Негова специјалност се поединечните хронометри.

Пиноти ѝ се придружил на новосоздадената шпанска екипа Соние Дувал-Продир во 2005. Станал италијански поединечен хронометарски првак во 2005. Пиноти бил втор зад Лука Аскани на италијанското хронометарски првенство во 2007,[2] но Аскани бил позитивен на тестирањето за ЕПО и Пиноти ја добил маичката.[3] Пиноти ја задржал титулата во 2008.

На Џиро д’Италија 2007, Пиноти завршил втор на шестата етапа и ја преземал водечката розова маичка. Ја задржал четири етапи. Во 2008 ја освоил последната етапа, поединечен хронометар. Повторно успеал во 2012. Во 2009 и 2011 им помогнал на своите екипи да дојдат до победа на екипниот хронометар. Резултатот во 2011 му ја донело розовата маичка на еден ден.

Во 2008, Пиноти му се придружил на Хајроуд, кој станал Колумбија ХајРоуд во 2009 и ХТЦ-Колумбија во 2010.

За сезоната 2012, Пиноти му се приклучил на Аксент.џобс-Вилемс Веранда, откако екипата ХТЦ-Хајроад се распаднала.[4] На крајот на годината издал книга со наслов Il Mestiere Del Ciclista Una Vita In Bicicletta.

Во октомври 2013, Пиноти објавил дека ќе се повлече по настапот на Трката околу Пекинг и Хроно на народите, префрлајќи се во одделот за спортска наука на екипата Ванти-Груп Гобер.[1]

Достигнувања

2000
1. Етапа 5 Трка околу Полска
2. Дуо Норман (со Ласло Бодроги)
2003
1. Етапа 4 Вуелта ал Паис Васко
2005
1. Национален хронометарски првак
2007
1. Национален хронометарски првак
2008
1. Национален хронометарски првак
1. Краен пласман Трка околу Ирска
1. Етапа 21 Џиро д’Италија
3. Краен пласман Тур де Романди
2009
1. Национален хронометарски првак
1. Етапа 5 Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
1. Етапа 3 (ТТТ) Тур де Романди
2010
1. Национален хронометарски првак
7. Краен пласман Тур де Романди
1. Пролог
5. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
9. Краен пласман Џиро д’Италија
2011
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија - Ја носел розовата маичка на етапа 2
4. Краен пласман Тур де Романди
6. Краен пласман Тирено-Адријатико
2012
1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
1. Спринтерски пласман Трка околу Баскија
5. Олимписки хронометар
6. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 7 (ITT)
2013
1. Национално хронометарско првенство
Пиноти натпреварувајќи се на олимпискиот хронометар 2012 во Лондон

Распоред на резултатите на Гранд Тур

Гранд Тур 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Џиро 48 60 18 65 40 9 СО 41
Тур 113 52 СО
Вуелта СО СО

СО = се откажал

Наводи

  1. 1,0 1,1 Рајан, Бери. „Пиноти ќе се повлече на крајот на сезоната“. Cycling News.
  2. „Аскани земал триколор“. Cyclingnews.com. Посетено на 2008-05-21.
  3. „Аскани се соочува со суспензија за ЕПО“. Cyclingnews.com. Посетено на 2008-05-21.
  4. „БМЦ потпиша со Пиноти и Ван Гардерен“. Cycling News. Future Publishing Limited. 1 септември 2011. Посетено на 8 април 2012.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!