Манифестации по повод Хуриетот е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од две минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победа[1].
Кратка содржина
Овој филмски материјал, на кој е снимен дел од прославата по повод победата на Младотурската револуција, е снимен од горен ракурс, при што учесниците на парадата се следат во континуитет. Притоа, пред сѐ имајќи ги предвид учесниците на парадата и нивните смени, филмот може да се подели на три секвенци со шест кадри [2]:
- Во првата секвенца, чие траење опфаќа само еден кадар, е прикажана колона мажи во бели народни носии со темни елеци и фесови.
- Втората секвенца (исто така, еден кадар) ги доловува членовите на друштвото „Пелистерски јунак“ - деца во бели униформи.
- Во третата секвенца (четири кадри) е регистрирана парада на мажи во темни костуми со бели фесови.
Поврзано
Белешки
Надворешни врски