Максимилијан II (германски: Maximilian II, роден на 31 јули 1527 во Виена - починал на 12 октомври 1576 во Регенсбург) — владетел од Хабсбуршката династија, цар на Светото Римско Царство од 1564 година до неговата смрт во 1576, крал на Чешка од 1562 година, крал на Германија од 1562 година и крал на Унгарија од 1563 година. Како цар на Светото Римско Царство стапил по смртта на својот татко Фердинанд I на 25 јули 1564 година[1][2].
Рани години
Максимилијан II е роден во Виена како син е на царот Фердинанд I и на чешко-унгарската кралица Ана Јагелонина. Образованието го добил главно во Шпанија, каде се стекнал со искуство за време на воените походи на својот чичко Карло V против Франција во 1544 година.
Во 1548 година Максимилијан се оженил за својата прва братучетка Марија Шпанска и станал официјален претставник на Светото Римско Царство во Шпанија.
Владеење
Во 1550 се вратил во Германија, за да земе учество во дискусиите за наследството на царството. Во 1558 година Карло V ги поделил своите територии помеѓу неговиот брат Фердинанд I и неговиот син Филип. Престолот на Светото Римско Царство го добил таткото на Максимилијан. Во 1562 година, Максимилијан бил избран од изборниот совет во Франкфурт за Крал на Римјаните (Германски крал), со кое се зацврстил на позицијата наследник на престолот на Светото Римско Царство, место за кое се залагал и Филип.
Во 1562 година, Максимилијан е избран од електорската комора во Франкфурт за Крал на Римјаните (Германски крал), со што се зајакнува позицијата на наследник на престолот на Светото Римско Царство, за каков според компромис во 1558 година е готви Филип Шпански.
Престолот на Максимилијан било доведено во прашање поради позитивниот негов однос кон протестантството, кон кое чувствувал симпатии до крајот на својот живот, иако официјално останал католик. За да го освои мнозинство на гласовите во изборниот совет, Максимилијан ги уверувал католиците дека е верен на католицизмот, а на протестантите ветувал дека ќе го прифати протестантството откако ќе биде назначен за цар. Во 1563 година Максимилијан бил крунисан за цар на Унгарија, а на следната година, по смртта на Фердинанд, бил избран за цар на Светото Римско Царство, вклучувајќи ги и двете кралства Чешка и Унгарија.
Новиот цар им дал верски слободи на аристократите и витезите-протестанти во Австрија и ги одбил одлуките на Трентскиот собор.
Максимилијан ја обновил војната против Османлиите, обидувајќи се да ја заштити Унгарија од нивната експанзија[3]. Тој, сепак не постигнал сериозни успеси во овој поглед и во 1568 година склучил мировен договор со султанот, со кој се обврзал да му плаќа годишен данок.
Во 1575 година Максимилијан II бил избран за крал на Полска, но не успеал да се наметне над приврзаниците на другиот кандидат Стефан IV Батор и бил принуден да се повлече од Полска.
Семејство
Максимилијан II и Марија Шпанска имале шеснаесет деца:
Наводи
Надворешни врски