„Македонски правопис со правописен речник“ – учебно помагало напишано од Блаже Конески и Крум Тошев. Книгата била одобрена од Министерството за просвета на 11 декември 1950 со решение 13865, а ја издало Државно книгоиздателство на НР Македонија.[1]
Содржина
Правописот содржи пет глави.
Пишување на гласовите
Во оваа глава се опфатени следните поглавја:
- Азбуката
- Самогласките
- Согласките
- Согласките на крајот на зборот
- Едначење по звучност
- Правописот на некои согласни групи
- Правопис на некои наставки
Преглед на формите
Во оваа глава се опфатени следните поглавја:
- Членот
- Именки
- Придавки
- Сложени именки и придавки
- Броеви
- Заменки
- Глаголи
- Глаголски форми
- Предлози
- Прилози
- Пишувањето на други зборови и партикули
Пренесување на делови од зборови од еден ред во друг
Оваа глава нема поглавја.
Употреба на голема и мала буква
Оваа глава нема поглавја.
Интерпункција
Во оваа глава се опфатени следните поглавја:
- Точка
- Прашалник
- Извичник
- Две точки
- Пауза
- Наводници
- Запирка
- Апостроф
По петте глави од правописот следи Правописниот речник.
Наводи