Лучано Павараоти Кавалир ди Гран Кроче |
---|
Павароти по приемот на наградата „Кенеди“, 2001 |
Роден(а) | 12 октомври 1935(1935-10-12) Модена, Кралство Италија |
---|
Починал(а) | 6 септември 2007(2007-09-06) (возр. 71) Модена, Италија |
---|
Занимање | Опера пејач (тенор) |
---|
Активен период | 1955–2006 |
---|
Сопружник | - Адуа Верони (в. 1961; раз. 2000)
- Николета Мантовани (в. 2003)
|
---|
Деца | 4 |
---|
Лучано Павароти (итал. Luciano Pavarotti), (Модена, 12 октомври 1935 – Модена, 6 септември 2007) беше италијански оперски пејач. Се смета за еден од најзначајниот тенор во XX век. Павароти исто така бил и познат по неговите хуманитарни дела. Добитник е на медалите Висока комисија на Обединетите Нации за избеглице.
Лучано потекнува од музичка фамилија.Пред да почне да се занимава со музиката, бил педагог и сакал да стане професор. Тој цели 2 години работел на Scuola delle Magistrale. Во 1956 одлучил да стане пејач и почнал да оди на часови по пеење кај Арига Поле во Модена, а подоцна кај Етор Кампољанија во Мантова. Тој победил на меѓународниот музички натпревар. Негов прв јавен настап надвор од Италија бил во Белград-Србија. Потоа го повикуваат разни италијански,холандски, и други оперски куќи (Виена, Цирих). Во 1965 работел во САД и Австралија со Џоан Сатерленд. Партнерите на Лучано освен Џоан Сатерленд му биле и Хосе Карерас и Пласидо Доминго формираа пејачки трио (три тенори). Павароти на 21 мај 2005 година одржал концерт во Белград-Србија.
Лучано Павароти на 26 јули е опериран на рак на панкреаса.Во средината на август 2007 година. повеќе од две недели поминал во болница во неговиот роден град за испитување и лечење.Од болницата е пуштен на 25 август. На 5 септември неговото здравје се влошило, така што му откажале бубрезите. Павароти починал на 6 септември 2007 година рано наутро на 72 годишна возраст.