Лопате — археолошко наоѓалиште во кумановското село Лопате. Претставува некропола од римското време.
Во самото село се најдени повеќе гробови од типот циста со разни прилози и надгорбни стели со латински натписи. Една стела, што се наоѓа во куќата на В. Малиновски, има латински натпис посветен на либрариус што служел во IV Флавиева легија. Се работи за некропола што му припаѓала на населението од малата рурална населба од месноста Прибовце, а можеби и од полизмата на наоѓалиштето Дрезга.[1]
Поврзано
Наводи