Лиманова Корија — археолошко наоѓалиште кај светиниколското село Орел. Претставува некропола за која се претставува дека датира од железното време.
На 1 км од селото, на левиот брег на реката Мавровица, на зарамнето плато се среќаваат грубо обработени покривни плочи од гробни конструкции. Во нивите на Т. Нушев и Т. Вучев при обработувањето се извадени исти такви артефакти.[1]
Поврзано
Наводи