Лавиринт (грчки: Λαβύρινθος) — градба во старогрчката митологија со збунувачка структура, која ја изградил Дедал за кралот Минос во Кносос, на островот Крит, а во него кралот го чувал чудовиштето Минотаур. Притоа, Дедал толку добро го изградил лавиринтот што едвај успеал да излезе од него.[1] Постарите грчки монети го прикажуваат лавиринтот во разгранети форми,[2] а „класичниот“ облик без разгранување или ќорсокаци се појавил веќе во 430 п.н.е.,[3] иако логиката и литературните описи укажуваат на тоа дека Минотаурот бил затворен во градба со повеќе насоки и „слепи“ излези.[4]
Потекло на поимот
Изразот „лавиринт“ има предгрчко потекло, поврзано со палатата во Кносос која ја открил Артур Еванс на почетокот од XX век. Така, во натписот во Линеарот Б се среќава зборот „да-пу-ри-то“.[5][6][7] Во 1892 година, Максимилијан Маер предложил[8] дека грчкиот збор лавиринтос можеби потекнува од лаврис, лидиски збор за „секира со двојно сечило“.[9] Според Еванс, оригиналниот лавиринт се наоѓал во палатата во Кносос во чии урнатини се среќава мотивот на двојна секира. Оттука, тој сметал дека изразот „лавиринт“ може да значи „дом на двојната секира“.[5] Меѓутоа, овој симбол не е поврзан само со палатата во Кносос, туку се среќава и на други места во Крит.[10] Но, Мартин Нилсон ја истакнал забелешката дека на Крит „двојната секира“ не е оружје, туку секогаш се јавува како придружник на божиците и на жените, а никогаш на машките богови.[11]
Лавиринтот како тема во уметноста
„Абенхакан Бохари, умрен во својот лавиринт“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[12]
„Двајцата кралеви и двата лавиринта“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[13]
↑Raymoure, K.A. „da-pu2-ri-to-jo“. Minoan Linear A & Mycenaean Linear B. Deaditerranean. Архивирано од изворникот на 2016-03-22. Посетено на 2019-01-26.
↑Stephanie Lynn Buden. The Ancient Greeks. An introduction. Oxford University Press.p. 227 [1]
↑Mayer, "Maximilian (1892). „Mykenische Beiträge. II. Zur mykenischen Tracht und Kultur“. Jahrbuch des Kaiserlich deutschen archäologischen Instituts. VII: 191.
↑Rouse, W. H. D. (1901). „The Double Axe and the Labyrinth“. Journal of Hellenic Studies. 21: 268–274. Ова толкување било критикувано од Рауз кој укажал дека истиот симбол се среќава и во палатата Фаистос, стр. 273.