Кула (бугарски: Кула) — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Кула во Видинската Oбласт. Има население од околу 2.675 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
Се наоѓа во западниот дел на Дунавската Рамнина, на 33 километри од Видин и на 220 километри од Софија и на 13 километри од границата со Србија, каде што се наоѓа преминот Вршка Чука.
Историја
За време на Римската Империја, градот бил наречен Кастра Мартис. Од 7 век е во границите на средновековната бугарска држава.
За време на османлиското владеење градот се викал Адлије. Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век овде се населиле доселеници од Тетевенско, а и денес локалниот дијалект е под силно влијание на централнобалканскиот говор, спротивно на околниот преоден и северозападен говор.[2]
Во 1858 година дебарските занаетчии ја изградиле црквата „Св. Свети Петар и Павле“.[3] Фреските се од 1902 година — дело на Данаил Несторов, подарок според натписот на ликот на Свети Никола од родот Дичови.[4]
Во 1879 година, Феликс Каниц сведочел за српската окупација на населбата за време на Српско-турската војна (1876), за мешаното население, вклучувајќи Татари и Черкези, и за новите поштенски врски со Видин.[5]
За време на колективизацијата, во градот билo основанo Трудово кооперативно земјоделско стопанство „Мичурин“, именувана по советскиот агроном Иван Мичурин. Во периодот 1950-1951 година за време на Кулските настани, 8 семејства (31 лица) од градот биле насилно иселени од страна на комунистичкиот режим.[6]
Наводи
Надворешни врски