Кралска збирка

Антонис ван Дајк: „Чарлс I со г-динот де Сант Антоан“ (1633)

Кралска збирка (англиски: Royal Collection) — уметничка збирка на британското кралско семејство и една од најголемите и најважните вакви збирки во светот. Распоредена е во тринаесет кралски дворци и поранешни резиденции ширум Велика Британија. Збирката е во сопственост на кралицата како суверен, но се чува во задолжбина за нејзините наследници и целата нација.[1][2]

Содржи повеќе од 7.000 слики, 40.000 акварели и цртежи и околу 150.000 печатени графики, како и историски фотографии, таписерии, мебел, керамика, книги и други уметнички дела. Физички е распоредена на повеќе места; некои, како дворецот Хемптон Корт, се отворени за јавноста и бидејќи во нив не престојува кралското семејство, додека пак други, како Виндзорскиот замок се резиденции, но достапни за јавноста. Дел од збирката е сместена и во резиденции како Сандригем кои воопшто не се отворени за јавноста. Краличината галерија во Бакингемската палата во Лондон приредува изложби од збирката по неколку месеци во годината. Ваква галерија има и до Холирудскиот дворец во Единбург.

Се проценува дека збирката има вкупна вредност од 10 милијарди фунти.[3] Меѓутоа, други извори велат дека збирката е толку бесценета, што нејзината вредност не може да се процени.

Историја

Петар Паул Рубенс: „Питагора како проповеда вегетаријанство“, ~1618–30

Преостанати се мошне малку експонати од времето пред кралот Хенри VIII. Најважните дела во збирката ги набавил кралот Чарлс I, кој бил страстен колекционер на италијански слики и главен клиент на фламанскиот сликар Антонис ван Дајк и други негови современици. По неговото погубување во 1649, збирката е продадена, но голем дел од неа е повратена по обновата на монархијата во 1660, кога Холандската Република на кралот Чарлс II му го дала таканаречениот „холандски дар“. Подоцна самиот Чарлс набавил многу слики и други дела. Џорџ III, со помош од Фредерик Огаста Бернард, кон збирката додал многу голем број дела, особено графики и цртежи, а кралицата Викторија и принцот Алберт придонеле како посветени колекционери на старомајсторски слики. Многу дела од збирката се предадени на музеи, особено во времето на Џорџ III и кралицата Викторија. Џорџ III го подарил најголемиот дел од тогашната кралска библиотека на Британскиот музеј (денес Британска библиотека) каде и денес книгите се заведени како „кралски“. Клучниот дел од оваа збирка го набавил Џејмс I од сличните збирки на Хемфри Лојд, лордот Ламли и ерлот од Ерандел.[4]

Во текот на владеењето на кралицата Елизабета II (1952–), збирката е значително зголемена со добро промислени набавки, наследства и дарови од разни земји.[5] Ваквите дарови го претставуваат ликовниот фонд на земјите од Комонвелтот.

Збирка

Слики, графики и цртежи

Кралската збирка е една од најголемите и најважните ризници на западната ликовна уметност. Делата се со највисок квалитет и се клучни за изучувањето на нивните творци. Со историја на набавки подолга од 400 години, оваа збирка е веројатно најстарата во светот.

Леонардо да Винчи — „Бебе во утроба“, 1511
Микеланџело Буонароти — „Восресение“, 1532)
Рафаело Санти — „Чудесниот улов“, ~ 1515
Тицијан — „Портрет на Јакопо Санацаро“ (1514–18)
Лука Кранах Постариот — „Аполон и Дијана“, ~ 1526
Ханс Холбајн Помладиот — „Портрет на Сер Томас Гилфорд“, 1527
Питер Бројгел Постариот — „Колежот на витлеемските младенци“, 1565–67
Караваџо — „Повикувањето на Свети Петар и Андреја“, ~ 1602-04
Франс Халс — „Портрет на човек“, 1630
Рембрант — „Агата Бас“, ~ 1641
Антонис ван Дајк — „Чарлс I во три положби“, 1635
Јан Вермер — „Час по музика“, 1665
Клод Лорен — „Приморска глетка со Грабнувањето на Европа“, 1667
Каналето — „Враќањето на бучинторото кај споменикот Моло на Спасовден“, 1738

Англоамерикански

Холандска школа (200+ дела)[6]

Англиска школа

Фламанска школа

Француска школа

Германска школа

Италијанска школа

Француски мебел

Со над 300 експонати, Кралската збирка е една од најголемите и најважните ризници на француски мебел во светот. Се одликува со енциклопедиски опсег на дела од најистакнатите мајстори на предреволуционерна Франција.

Јозеф Баумхауер — 1 експонат;

  • Долен креденец, ~ 1765-1770;

Пјер-Антоан Беланже — 13 експонати;

  • Два пара подножја, ~ 1820
  • Пар столбни масички, ~ 1823-4
  • Пар мали столбни масички, ~ 1823-4
  • Масичка, ~ 1820
  • Пар секретарски масички, ~ 1827-8
  • Пар креденци, ~ 1820

Андре-Шарл Бул — 13 експонати;

  • Шифоњер, ~ 1700
  • Шифоњер, ~ 1700
  • Креденец, ~ 1700
  • Креденец, ~ 1700
  • Креденец,
  • Пар ниски креденци
  • Маса за пишување, ~ 1680
  • Пар стоечки лампи, ~ 1700
  • Рамно биро, ~ 1710
  • Мали креденци со постолје, поч. на XVIII век

Адам Вајсвајлер — 13 експонати;

  • Креденец, со инкрустација крај на XVIII век
  • Креденец 1780
  • Масичка, ~ 1780
  • Масичка, ~ 1785
  • Пар столбни масички, шиноазери ~ 1787-90
  • Комода, ~ 1785
  • Конзолна маса x4, ~1785
  • Пар мали долни креденци, крај на XVIII век

Бенџамин Валјами и Бенџамин Луис Валјами — 4 експонати;

  • Стоечка лампа x4, 1814

Бенџамин Валјами — 3 експонати;

  • Свеќник x2, 1811
  • Часовник за камин, ~ 1780

Жерар-Жан Гал — 1 експонат;

  • Свеќник x2, поч. на XIX век

Пјер Гарније — 2 експонатa;

  • Пар креденци, ~ 1770

Жорж Жакоб — 30 експонати;

  • Мало канабе, ~ 1790
  • Канабе „лице в лице“, ~ 1790
  • Фотелјска столица, ~ 1790
  • Кревет во полски стил, ~ 1790
  • Мали фотелји и канабиња, ганритура од 20, ~ 1786
  • Armchairs x4, ~ 1786

Фрасоа-Оноре-Жорж Жакоб-Демалте — 1 експонат;

  • Цилиндрично биро, ~ 1825

Жил Жубер — 2 експоната;

  • Пар подножја, од Луј XV, ~ 1762

Мартен Карлен — 2 експонатa;

  • Креденец, ~ 1778
  • Креденец, со севрски плочи, ~ 1783

Пјер Ланглоа — 5 експонати;

  • Комода, ~ 1765
  • Два пара комоди, ~ 1763

Етјен Левасер — 7 експонати;

  • Масичка, ~ 1770
  • Два пара , ~ 1770
  • Две секретарски маси, ~ 1770

Мартен-Елој Лињере — 2 експонатa;

  • Пар креденци, (see pietra dura section), ~ 1803

Бернард Молитор — 3 експонати;

  • Комода, ~ 1780
  • Пар секретарски маси, ~ 1815

Бернар II ван Ризамбург — 2 експонатa;

  • Средишна маса, ~ 1775
  • Комода, ~ 1745

Жан-Анри Ризене — 6 експонати;

  • Комода, од Луј XVI ~ 1774;
  • Пар аголни креденци, од Луј XVI, ~ 1774;
  • Креденец за накит, ~ 1787
  • Маса за пишување, ~ 1785
  • Цилиндрично биро, ~ 1775

Севр — 1 експонат;

  • Средишна маса „на Големите Заповедници“ , ~ 1806-12

Пјер-Филип Томир — 15 експонати;

  • Подножје, ~ 1813
  • Подножје за коњичка статуа на Луј XIV, ~ 1826
  • Пар свеќници, 8 light, ~ 1828
  • Стоечки лампи x11, ~ 1814
  • Часовник, mounts attributed to., 1803
  • Свеќник x2, поч. на XIX век

Жакоб Фрере — 1 експонат;

  • Маса за пишување, ~ 1805

Европски мебел

Англиски

Роберт Хјум — 1 експонат;

  • Пар креденци, ~ 1820

Фламански

Непознат — 2 експонатa;

  • Креденец со постолје, ~ 1660
  • Креденец со постолје, XVII век

Германски

Јохан Даниел Зомер — 2 експонатa;

  • Пар креденци со постолје, крај на XVII век

Мелхиор Маумгартнер — 2 експонатa;

  • Часовник со оргула, 1664
  • Креденец, ~ 1660

Холандски

Непознат — 1 експонат;

  • Секретарски креденец, интарзија, ~ 1700

Часовници

Абраам-Луј Бреге — 1 експонат;

  • Регулаторен часовник, 1825

Андре Шарл Бул — 4 експонати;

  • Часовник за камин, ~ 1710
  • Часовник на постолје,
  • Часовник на постолје, крај на XVII век;
  • Часовник на постолје, ~ 1720

Бенџамин Валјами — 1 експонат;

  • Часовник во облик на бик, ~ 1755-60

Бенџамин Луис Валјами — 1 експонат;

  • Часовник со три порцелански фигури, ~ 1788

Делакроа — 1 експонат;

  • Голем часовник на подножје со бронзена плакета, ~ 1775

Жерар-Жан Гал — 1 експонат;

  • Часоник, поч. на XIX век

Жан-Пјер Лац — 2 експонатa;

Жан-Антоан Лепин — 1 експонат;

  • Часовник во облик на африканска Дијана (божицата на ловот), 1790
  • Астрономски часовник, ~ 1790

Мартин-Елој Лињере — 1 експонат;

  • Часовник, 1803

Пјер-Филип Томир — 1 експонат;

  • Часовник во облик на Аполоновата кочиjа, ~ 1805

Украсни предмети

Метју Боултон — 4 експонати;

  • Два пара вазни, ~ крај на XVIII век

Пјер-Филип Томир — 3 експонати;

  • Вазна, ~ поч. на XIX век
  • Свеќник x2, малахит и бронза, поч. на XIX век
  • Свеќник x2, малахит и бронза, ~ 1828
  • Свеќник x4, фигури од патинирана бронза, ~ 1810

Фаберже — најголема збирка на светот, со 3 царски и едно велигденско јајце Жерар-Жан Гал — 2 експоната;

  • Свеќник x2, ~ поч. на XIX век

Франсоа Ремон — 12 експонати;

  • Свеќник x8, 4 pairs, ~ 1787
  • Свеќник x4,

Порцелан

Скулптури

Луј-Клод Васе — 1 експонат;

  • Коњичка статуа на Луј XV, ~ 1764

Франсоа Жирардон — 1 експонат;

  • Бронзена коњичка статуа на Луј XIV, според Жирардон, ~ 1700

Антонио Канова — 3 експонати;

  • Марс и Венера, ~ 1815-17
  • Фонтанска нимфа, 1819
  • Дирка, 1824

Антика — 1 експонат;

Таписерии и теписи

Гоблен — 36 експонати;

  • Таписерија, четири (од 28) од „Историјата на Дон Кихот“, подарок од Луј XVI за Ричард Козвеј, потоа му ги подарил на Џорџ IV, ~ 1788
  • Таписерија, четири од серијата „Божјата врата“, ~ XVIII век
  • Таписерија, четири од серијата „Божјите љубови“, ~ крај на XVIII век
  • Таписерија, осум од серијата „Јасон и златното руно“, 1776-9
  • Таписерија, сеум од серијата „Историјата на Естра“, 1783
  • Таписерија, три од серијата „Приказната за Дафина и Хлоја“, 1754
  • Таписерија, две од серијата „Приказната за Мелеагар и Аталанта“, 1844

Друг мебел

Инкрустрација (пјетра дура) — 11 експонати;

  • Креденец, Аугсбург
  • Креденец, италијански, ~ 1680
  • Креденец, Адам Вајсвајлер
  • Масичка, Адам Вајсвајлер
  • Креденц, Мартен Карлен
  • Ковчеже, фирентинско ~ 1720
  • Пар креденци, Мартен Елј Лињере, ~ 1803
  • Пар креденци, Пјер-Антоан Беланже, ~ 1820
  • Пар креденци, Роберт Хјум, ~ 1820
  • Четири креденци со пјетра дура од XVIII век, пренаменети, ~ 1820-ти

Разни

  • Креденец на постолје сред. на XVII век
  • Биро, 1690-95
  • Мазаренско биро x2, крај на XVII век
  • Мазаренско биро x2, ~ 1700
  • Мазаренско биро, крај на XVII век
  • Два пара ниски креденци

Гакерии

Слики

Англиски слики
Англоамерикански
Германски слики
Италијански слики
Фламански слики
Француски слики
Холандски слики

Поврзано

Наводи

  1. Кралска збирка - Што претставува Кралската збирка? (англиски)
  2. Кралска збирка > За Кралската збирка (англиски)
  3. „Кралицата“. The Sunday Times. Список на најбогати личности. Лондон. 27 април 2008. Архивирано од изворникот на 2009-05-07. Посетено на 20 мај 2009. Укажано повеќе од еден |work= и |journal= (help) (англиски)
  4. R. Brinley Jones, ‘Llwyd, Humphrey (1527–1568)’, Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, септември 2004
  5. Royal Treasures, A Golden Jubilee Celebration. Ed. Jane Roberts. Royal Collection Enterprises, St. James' Palace, London, 2002. стр. 25 (Hugh Roberts) и стр. 391 (гл. 14). ISBN 1 902163 49 4 (h-b uk) и ISBN 1 902163 52 4 (pb uk)
  6. Единица за социјални работи — Холандски слики во Кралската збирка (англиски)
  7. Џонс, Џонатан (30 август 2006). „Вистинскиот код на Да Винчи“. The Guardian. Лондон. Посетено на 22 мај 2010. (англиски)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!