Коутсова Земја (англиски: Coats Land) — област на Антарктикот која се наоѓа западно од Земјата на Кралицата Мод и го образува источниот брег на Веделовото Море. Се протега во правец североисток–југозапад, помеѓу 20°00′ ЗГД и 36°00′ ЗГД. Нејзиниот североисточен дел е откриен со бродот „Скоша“ на Вилијам Спирс Брус, предводникот на Шкотскаta национална антарктичка експедиција (1902-1904 г.) Тој и го дал името во чест на Џејмс Коутс и мајорот Ендрју Коутс, двајцата главни поддржувачи на експедицијата.[1]